Елбрус (5642м)
Елбрус е врв лоциран во западен Кавказ блиску до границата со Грузија. Локалното Балкарско име Минги Тау значи „како илјада планини“ поради неговата големина. Тој се наоѓа 20 км северно од Кавказ (што се смета за граница меѓу Европа и Азија) и 65 км југозападно од Рускиот град Кисловодск. Од неговата снежна покривка се хранат 22 глечери кои се вливаат во три реки: Баксан, Кубан и Малка. Тој претставвува вулкан кој е неактивен веќе 2000 години и е највисоката планина во Кавказ која припаѓа на Европа.
Елбрус има два врва. Западниот врв е повисок - 5642метри, а Источниот е малку понизок - 5621метар. Првото искачување на Источниот Врв е направено во 1868 година од Д. Фрешфилд, А.В.Мур и К.К. Такер. Првото искачување на Западниот Врв е направено во 1874 година од Британска експедиција водена од Ф.Крофорд Грув. Во 1967 година Комунистичката партија на Советскиот Сојуз организираше масовно искачување во кое учествуваа околу 2500 луѓе...
За пристапот - има жичара која почнува на 2200 мнв во Азау, првата станица е Стар Кругозор на 2900мнв, а втора е станицата Мир на 3500мнв. Од Мир се оди до 3750мнв до т.н. место - „Бурињата“. Тоа се стари големи буриња каде можат да спијат по 4 луѓе во едно.
Има голем избор на патеки до врвот, но нормалната патека, на која нема креваси, продолжува право по падината од крајот на жичарата. Преку летото, вообичаено е да има преку 100 луѓе кои се обидуваат да го качат врвот по оваа патека секој ден. Зимските искачувања се ретки и ги прават само искусни качувачи. Елбрус е познат по суровите зими, и искачувањата на врвот се ретки. Качувањето не е технички тешко, но е физички тешко поради висината и силниот ветар. Просечна годишна смртност на Елбрус е 15-30 луѓе, главно поради многу неорганизирани и слабо опремени обиди да се качи планината.