Масивот (Монт) Винсон (4897м)

Винсон Масивот (4897м) е највисоката планина на Антарктикот (со тоа и дел од „Седумте Врва“) и е дел од Планините Елсворт кои се протегаат 360 километри во должина и 48 километри во широчина. Овие планини се откриени на 23-ти Ноември 1935 година од страна на Линколн Елсворт за време на неговото транс-Западната Страна на Винсонантарктичко прелетување. Температурите во овие планини се движат во просек околу –(минус) 30 степени Целзиусови и најдобрите месеци за експедиции се од Декември до Февруари.

Винсон Масивот се наоѓа 1200 километри од Јужниот Пол и се простира на површина од 21 километри во должина и 13 километри во широчина. Откриена во 1957 година од американски пилоти, именувана е по американскиот конгресмен Карл Винсон кој го убедил Конгресот во важноста за испитувања на Антарктикот

Првото искачување

Во 1966 година во коорганизација на Американскиот Алпинистички Клуб и Нациналната Фондација за Наука се организира група под водство на Николас Клинч. Официјалното име било – „Американска Антарктичка Алпинистичка Базниот логор на Западната Страна (во позадина)Експедиција 1966/67“. Во Декември 1966 година, членовите на експедицијата биле пренесни од страна на американската морнарица до нивната база во Мекмурдо Саунд на Антарктикот, а потоа со авиони кои можат да слетуваат/полетуваат на мраз биле однесени до регионот на Винсон Масивот. Прва група од 4 алпинисти застанала на врвот на 18-ти Декември 1966 година (во 11:30 часот претпладне), втора група од други четворица на 19-ти и трета група од последните тројца на 20-ти Декември. Од тогаш планината ја имаат качени стотици други алпинисти... Новата висина од 4892м е добиена по GPS мерењето направено во 2004 година од страна на експедиција на Омега Фондацијата...

Првото искачување по Источната Страна

Првото искачување по Источната Страна на Винсон Масивот е направено во Јануари 2001 година од страна на експедиција од 8 члена: Конрад Анкер, Џон Кракауер, Дејв Хан, Ендру Меклин, Ден Стоун, Лисел Кларк (првата жена на оваа страна), Џон Армстронг и Роб Рејкер. Освен искачувањето, тимот направи и истражувања во врска со акумулацијата на снегот на различна висина и првото Симнување од врвотGPS мерење кое ја потврдило висината од 4897м.

Нешто за Антарктикот

Тоа е 5-от по големина континент со 14 милини квадратни километри. Покривката од мраз ја има по скоро целата површина на континентот и таа претставува 90% од целиот мраз на Земјата и 68% од свежата вода. Ако се стопи таа покривка нивото на океаните ќе се крене за 60 метри. Овој континент исто така ја има и најголемата просечна висина од сите други – 1860 метри. Врнежите на снег се многу ретки и Антарктикот е наречен „најстудената пустина во светот“. Исто така некои научници веруваат дека таму немало ниту врнежи на дожд во последните 2 милиони години.

На 21-ви Јули 1983 година на Руската станица Восток биле измерени рекордни –(минус) 89степени Целзиусови. За време на зимскиот период ниските температури ја смрзнуваат водата околу Антарктикот – во површина и поголема од самиот континент. Шест месеци ноќ и шест месеци ден. Едниствен континент на кој нема постојани жители – инаку таму престојуваат околу 2500 луѓе во текот на летниот период и околу 1000 во текот на зимскиот…

Повеќе фотографии (од експедиција во Јан/2005)...

 

Copyright © 2005 Alpinizam.org