- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата
|
Техничко искачување - А0
-текст од Марк Синот, илустрации од Мајк Клеланд
А0 – брзо и валкано напредување без скалички – не е нешто гламурозно, но е фина техника во репертоарот, а посебно за брзо движење. Без разлика дали се работи за насока која ќе ја качувате еден или три дена – А0 секогаш добро може да дојде – кога се брзате да не ве стемни или пак да не ве фати надоаѓачкото невреме или пак кога едноставно не ви оди и сакате што побрзо да дојдете до крајот на насоката...
Да речеме дека сте се обиделе да го поминете најтешкиот детал неколку пати и секогаш неуспешно. Сега сакате само да завршите со насоката наместо да се обидувате повторно и повторно. Ако има некое средство за обезбедување пред вас, едноставно фатете се за него и повлечете се до следното фаќалиште. Ако тое не функционира, тогаш во таа точка поставете гуртна и згазнете на неа. На тој начин ќе се издигнете малку повисоко, а исто така тоа ќе биде со помалку напор. Сепак во овој случај внимавајте точката (клинот) да е сигурна, поради тоа што при згазнувањето во гуртната, издигнувањето нагоре и мрдањето лево-десно на неа, може да ја откачи и при тоа при падот да се превртите со главата надолу. При мал агол на карпата искачувањето на овој начин е полесно со употреба на т.н. техника на качување на триење…
На експонирана карпа, влечењето на опремата може да биде напорно, па затоа не двоумете се за мал одмор – на пример виснување на т.н. фифи. Дури и во случај да качувате целосно слободно, поефектино е да направите краток одмор отколку да ги преморите рацете „до крај“. Ако немате фифи, за таков вид на ормор можете да искористите некој карабинер закачен за делот од појасот околу кој го врзувате јажето.
За побрзо искачување А0 посебно добро функционира при качување на терен со паралелни пукнатини. Секако дека можете да искачите некоја таква секција од насоката, но со А0 ќе заштедите енергија за уште потешките делови при врвот. Може да се употребат два френда – по еден во двете раце и наизменично да се поставуваат. Може исто така на нив да се постави и гуртна која би се употребувала за одмор во стил на гуртните на цепините. Со нозете треба да се работи како при слободно качување – или поставени во пукнатината или со триење на плочите од страна. Како што се движите нагоре со френдовите, може да поставувате точки за обезбедување со други средства – други френдови или чокови во моменти кога ќе имате потреба за тоа.
Добро разгледувајте ја карпата над вас и нема да се плашите од честа промена помеѓу слободно качување и А0. Легендарниот Лејтон Кор е пример за качувач кој имал одлична интуиција кога да употребува каков стил – слободно или А0 пронаоѓајќи рамнотежа која го максимизираше основниот квалитет – брзината. Ако видите како трошите време размислувајќи како да поминете некој детал слободно, многу поефикасно би било да поминете со А0 низ него (ако за тоа има опрема). Од друга страна - не се тревожете да излезете од гуртните на кои стоите и поминете ги деталите во слободен стил ако е тоа возможно. (И слободното качување може да биде брз начин на качување ако тоа значи да се движите) За одмор – можете да виснете на „фифи“ или да се прикопчате на јажетео и да го повикате партнерот да го затегне јажето. Исто така не заборавајте дека често најдобро е да се качува комбинирано – на пример со рацете во слободен стил искористувајќи го релјефот на карпата, а со нозете или со употреба на гуртни, клинови…
Не заборавајте како вашиот партнер ќе помине низ тој детал од А0. Да речеме дека вие сте искористиле гуртна за поминување на деталот, а потоа истата сте ја земале со вас. Ако карпата не е вертикална – партнерот зад вас може да се влече на јажето кое вие цврсто го држите - до некој полесен дел, а вие потоа откако тој ќе застане или висне на фифи или некој клин брзо да го повлечете јажето и да го затегнете. На пострмна карпа, партнерот зад вас може да помине низ А0 со опремата која тој ја собира нагоре – во секој случај кога сидриштето е супер цврсто и затегнато, при поминување на А0 вториот качувач може секогаш брзо да се движи.
Со вежбање ќе видите дека А0 качувањето е релативно безболно. Предност исто така е тоа што не се користи ништо повеќе од вообичаената опрема за качување која ја носите за слободно качување. Кога се качува А0 – работите може да бидат завршени многу побрзо, побезбедно, а исто така може да бидат поминати насоки кои инаку не би можеле да бидат слободно поминати. |
|