Цепини без гуртни
-текст од Винс Андерсон, илустрации од Мајк Клеланд
Можеби микс качувањето со цепини кои немаат гуртни не е за секого, но тоа ја зголемува слободата на движења што овозможува побрзо и полесно искачување на секакви насоки. Друг плус е дополнителна безбедност во насоки кои се добро обезбедени – кога во случај на пад нема да си го дислоцирате рамото виснувајќи на гуртната заглавена на зглобот на раката. Кога овие цепини (без гуртни) ќе се искомбинираат со дерези кои имаат и забец на задниот дел (ова е посебна приказна), ќе располагате со репертоар на потези кои не се возможни со традиционалната/класичната опрема за качување на мраз...
- Вашето рамо е одлично место за поставување на цепинот додека поставувате карабинер или пак го вкопчувате јажето, кога ги менувате цепините со двете раце – во секое време кога ќе имате потреба за една слободна рака. Врвот на цепинот се поставува на рамото веднаш до вратот (слика 1). Исто така можете да користите и чик-чак лента. Едниот дел зашијте го на облеката, а другиот залепете го на рачката на цепинот и на тој начин поставувањето на цепинот на рамото ќе биде уште побезбедно
- Качувајте како ѕвезда – секое поставување на цепинот е добро фаќалиште и за обете раце. На тој начин ќе имае многу опции за различни полжби на телото и рацете. Движењата на страна ќе станат исто лесни и нема да има вкрстување на рацете. Така пречеањата нема да бидат сложерни и со помалку забивања во мразот (слика 2).
- На некои од цепините кои немаат гуртни има уште едно место за фат – малку погоре од вообичаеното. Тоа може да дојде добро во некои моменти, но испитајте колку високо воопшто може да се фатите за цепинот пред тој да се откачи и да ве удри во лице.
- Цепинот без гуртни е полесен од оној вообичаениот – со гуртни, но може да го направите уште полесен. Може да го оставите само врвот – а ако добро го имате увежбано замавнувањето нема да ви биде проблем забивањето.
- Цепините без гуртни обично имаат делови кои не може да ги собере низ гуртните на појасот кои служат за ставање на карабинерите. За да не ги држите во рака додека се симнувате или абзелувате – прикопчајте ги со карабинер за појасот (во дупките на главата или врвот). |