- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата
|
Микс терен и проверка на поставеноста на цепинот
- Текст од Рајан Нелсон, илустрации од Мајк Клеланд
Следните препораки ќе ви помогнат да развиете ефективна стратегија за „читање“ на микс терен и правилно испитување на тоа дали е добро поставен или забоден вашиот цепин.
Гледајте таму каде поставувате / забодувате: како што е случајот со качување на карпа и овде проучувањето на насоката од земја (од доле) ви овозможува да си создадете една ментална слика за најтешките детали - како не би се замориле кога би стигнале до нив. Прва работа што треба да се научи е да се разбере кои „фаќалишта“ добро држат при качувањето со цепини на сува карпа. Цепините можат да се закачуваат и заглавуваат на многу начини во сува карпа и има премногу опции како тие може да се користат. Најбрз начин како да најдете добро место за поставување е да се најдат траги од претходни искачувања. Сепак понекогаш таму каде што некој ги поставил дерезите пред вас, за вас тоа место можеби нема да биде добро за поставување на цепинот, па затоа бидете внимателни. Овој начин на качување (dry-tooling- от) претставува вистинско измачување за карпата, па затоа внимателно избирајте ги местата за поставување на орудијата. Таму каде сакате да го заглавите цепинот – гледајте да е тоа во некоја добра пукнатина и на големо фаќалиште, пред да изберете нешто мало. Ако само сакате да виснете на некое фаќалиште, гледајте тоа да може да го издржи гребењето/поместувањето од цепинот во сите правци. Врвот на цепинот се движи во правец во кој се движи и вашето тело. Кога се придвижувате нагоре, во истиот момент на фаќалиштето го менувате аголот на поставеност на врвот и тежината. Затоа понекогаш, иако во моментот кога сте го поставиле цепинот на некое место тоа изгледало добро, во моментот кога почнувате да се движите нагоре, тоа почнува да изгледа застрашувачки лошо.
Провери: Кога определивте каде ќе го поставите цепинот, сега е важно тоа да го направите да биде на сигурен начин. Кога сте заморени, најверојатно ќе избрзувате во избирање на тоа место, па затоа најдобро е да знаете тоа да го напрвите брзо и прецизно. Откако го пставивте цепинот на избраното место, најпрвин повлечете не многу силно надолу, а потоа поместете го врвот лево-десно. Ова поместување или ќе го измести сосема врвот на цепинот од фаќалиштето или пак ќе го намести во најдобра позиција. Ако тој се измести, побарајте ново место. Ако се намести добро, тогаш целосно испружете ја раката и направете потскокнувачки движења на раката од вашето рамо. Овие движења или ќе го поместат цепинот или ќе го искршат фаќалиштето, но тие ќе покажат дали тоа е навистина добро или не. Со проверување на секое фаќалиште, ќе бидете сигурни дека сите поставувања се сигурни – ќе знаете дека ако едно фаќалиште попушти другото ќе ве задржи. Овој начин на проверување качувањето ќе го претвори само во тест за издржливост, а не игра на рулет со лоши фаќалишта.
Премини: Микс качувањето значи постојано преминување од карпа на мраз и обратно или пак качување на мраз и карпа во текот на цела една должина. Понекогаш овие премини се лесните делови од насоката, но друг пат тие се токму најтешките детали. Еве начин како деловите со мраз да ги искористите како поволност. Во зависност од квалитетот на мразот, тој може да ви овозможи добро место за одмор. Ако тој е доволно дебел и можете целосно да го забиете цепинот во мразот, таа точка ќе ви биде многу подобра за одмор отколку да се тресете на некое деликатно фаќалиште на карпа. Дури и ултра тенкиот мраз го дозволува тоа – можете да ги проверите поставувањата на цепинот со претходниот тест. Проверувајте ги сите поставувања на цепинот со цел да бидете сигурни дека сите тие се добри и сигурни… Ако некое фаќалиште откаже на претходно опишаниот тест, останете смирени и најдете некое друго место. Анализирајте го мразот и видете дали тој овозможува добар квалитет за места за одмор. Кога ќе најдете такво место, тоа веднаш ќе ви помогне ментално да се одморите и да продолжите да качувате со самоувереност… |
|