- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

 

 

 

 

 

Дома
Совети...

Заглавување и висење на цепинот

- Текст од Шон Исак, илустрации од Мајк Клеланд

Заглавувањето и влечење на цепинот при што неговиот врв и глава вршат притисок во обратен правец на карпата е најинтересното движење кое се прави при „драјтулингот“. Ваков начин на искоритување на цепинот може да се употреби во скоро сите микс насоки. Цепинот најчесто се поставува во превиси – во пукнатините каде се сретнуваат вертикалната и хоризонталната површина, но може и секаде да се користи тој потег сé додека има можност горната површина на цепинот да се потпре за некоја површина на карпата.

Овие заглавувања се многу подобри од обичните поставувања на цепинот на некои фаќалишта поради тоа што цепинот на тој начин е цврсто заглавен – единствено треба да се внимава на тоа дека таму каде што е заглавен цепинот карпата е доволно цврста поради тоа што силите со кои се дејствува на тоа место може да бидат големи.

Врвот на цепинот може да се заглавува на разни начини – во пукнатини од горе и од долу така што рачката на цепинот може да се користи на некој начин како шипка за кревање...

Ако цепините немаат гуртни, тогаш може да се направат разни начини за одмор без користење на рацете. Основниот начин е следниот – свиткајте ја раката во лактот и поставете ја на рачката на цепинот. Поставувањето нека биде подолу на рачката, а не на средината за да се одржува рамнотежа.

Подеднакво добар метод за одмор е и висењето со нога – едната нека биде „закачена“ на цепинот, а другата веднаш под него. За добар одмор на рацете испружете ги надолу и протресете ги. Други начини за одмор можете да видите во сликите, но користете ја и вашата имагинација.

______

Copyright © 2005 Alpinizam.org