Громови
-текст од Тај Милфорд, илустрации од Мајк Клеланд
Качувате некаде во Алпите и на излезот од последната должина приметувате темно облаче на висина од околу 4000 метри. Немајќи каде да одите освен нагоре, во себе си помислувате дека требаше да тргнете порано тоа утро за да го избегнете неизбежното попладневно невреме.
Несреќите од удари на гром земаат околу 200 жртви секоја година. Тие кои често се на повисоки места и на експониран терен се изложени на поголем ризик – посебно планинарите и алпинистите кои носат метални делови во опремата. Еве некои основни работи кои ќе ви помогнат да ги разберете опасностите при такви невремиња и да минете неповредени:
Паметен почеток: Научете го локалните временски услови за локалитетот каде планирате да одите и забележете кога вообичаено се формираат кумулонимбусите… Кампот поставете го на безбедно и неекспонирано место кое ќе ви овозможи да ги поминете високо ризичните места (врвови и премини) во раните утрински часови. Во текот на качувањето приметувајте ги и можностите за „бегање“ од насоката, постојано внимавајте на временските услови и поставете си временски лимит кога безбедно би почнале да се враќате
Предвидете го ударот: Пуцкетањето во воздухот е звук кој е знак дека наскоро може да следува удар на гром – исто така и мирисот на чад, подигнати влакна и синкава светлина од металните објекти… Ако забележите нешто од ова, а временскиот интервал помеѓу светкањето и звукот на громот стане пократко од 15 секунди – веднаш почнете да се оддалечувате од тоа место
Барајте безбеден терен: Останете сконцентрирани и направете план за повлекување на безбедно место на насоката. Не размислувајте дали да оставите опрема за поставување добро сидриште за абзелување. Барајте широки полици каде ќе можете да се ослободите од опремата, но не застанувајте под високи дрва, влажни и покриени со мов карпи, пукнатини низ кои тече многу вода и одврзете се од влажните јажиња и ослободете се од металните делови од опремата.
Позиција: Ако ве фати ненадејно невреме, најпрвин обидете се да излезете од насоката. Ако тоа не е возможно, најдете некоја полица на која ќе клекнете или седнете (но не легнувајте) на некој изолационен дел од опремата – подметач, јаже, ранец (без метални делови) и држете ги рацете одвоени една од друга и да не ја допираат земјата. Ова ја намалува шансата да станете спроводник и ќе ви ги заштити виталните делови на телото. Ако е возможно членовите на екипата треба да се оддалечени еден од друга на растојание поголемо од 5 метри – ако еден биде погоден другите да имаат шанса да помогнат. Облечете се за да се заштитите од хипотермиа и останете во таа позиција додека звукот не почне да се оддалечува означувајќи дека и невремето се повлекува.
Подготвени за најлошото: Подгответе се за најлошото – научете да давате прва помош на настрадани во вакви ситуациии!!! |