- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

 

 

 

 

 

 

 

Дома
Совети...

Тивка комуникација

-текст од Топер Донахју, илустрации од Мајк Клеланд

„Повтори!!!“ – ова најчесто се повторува кога се качуваат долги насоки (со повеќе должини) кога поради звукот на реката, ветерот, акустиката, шлемот, балаклавата е тешко, ако не и невзоможно да се комуницира со довикнување. Ако добивав по 1000 денари секој пат кога гледав како една наврска качува насока и при тоа губи време поради недостиг на комуникација и недоразбирање – веројатно досега би одел секоја година во Хималаите. Некои наврски користат и мали воки-токи системи, но тоа како прво има своја цена, а и е товар. Ако со човекот со кој качувате добро се познавате, веројатно најдобар начин е т.н. тивка комуникација. Ова посебно е добро во локалитети каде има многу наврски и кога е можно некој друг кога ќе викне „Ослободи јаже!“ вие вашиот партнер да го ослободите на половина должина. Еве неколку начини како да ја вежбате тивката комуникација.

Нека зборува јажето – Ако се запознаете добро со движењата на јажето, може да качувате многу безбедно и без да прозборите збор. Запомнете како се движи јажето при различни фази на качувањето. Тоа се движи поинаку кога водачот качува – со различна брзина и моменти на стоење што се разликува кога тој би земал да ве обезбедува со иста брзина.

Три повлекувања – И најискусните алпинисти треба да зборуваат за различните моменти при качувањето пред да почнат да качуваат. Прецизирајте го бројот на повлекувања кои ќе ги употребите за комуникација. Употребете три повлекувања за „ослободи јаже“, а потоа уште три повлекувања за „тргнувај“. Не смее да ги помешате овие три повлекувања со прикопчување на јажето или кога водачот поминува некој детал со неколкукратно поместување. Ако не сте сигурни што се случува почекајте водачот да се обиде да го повлече јажето нагоре. Ако е на сидриште тој ќе види дека вие сé уште го обезбедувате и ќе треба да повлече повторно три пати (слика 1). Ако двајцата алпинисти внимаваат добро, вербалната комуникација нема да биде потребна бидејќи повлекувањето на јажето го открива движењето на вториот.

Други сигнали – „не затегај“ е тешко да се искомуницира тивко, но е возможно да се направи со „нежни“ потегнувања. Вакво нежно потегнување од долу обично значи дека на вашиот партнер под вас му е потребно јаже да се врати малку назад: спуштете малку од јажето и бидете подготвени да запрете пад. Падот е очигледен за приметување – остро повлекување, но може да биде прикриен со заглавување на јажето па затоа не продолжувајте да го пуштате јажето надолу ако не сте сигурни. „Затегни“ е тешко да се искомуницира освен со едно брзо повлекување на јажето... „Јажето е слободно“ лесно може да се искомуницира поради тоа што во еден момент тежината ќе биде ослободена – вашиот партнер веројатно стои на некоја полица барајќи место за сидриште. Во моментот кога тој би се ослободил од јажето обезбедувајќи се себе си за новото сидриште може да го потегне јажето нагоре-надолу да помине нез вашето сидриште. Тоа ќе значи дека јажето е ослободено, но е тест и дека нема да се заглави во тоа горно сидриште подоцна при извлекувањето (слика 2).

Copyright © 2005 Alpinizam.org