- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

 

 

 

 

 

Дома
Совети...

Качување по кршлива карпа

- Текст на Стив Левин, илустрации од Мајк Ти

Лесно и паметно по кршлива карпа

Алпинистите генерално избегнуваат кршлива карпа. Сепак ако имате желба да качувате на што повеќе разни локалитети неизбежно е да имате средба со ваков терен и еве неколку совети како да поминете што полесно преку него.

Избегнете - Кога ќе дојдете до кршлив дел најпрвин погледнете дали има можност да се отиде од околу. Вавов терен обично има на долги насоки и тоа во делови со полесни технички тежини и со внимателно избирање на правецот на движење лесно може да се заобиколи лошиот терен.

Проверете ги фаќалиштата – Ако сепак морате да поминете од таму, внимателно проверете го секое фаќалиште пред да го искористите. Проверете дали има некои пукнатини околу фаќалиштето или тоа стои цврсто на карпата. Проверете го секое фаќалиште со потчукнување со дланката. Ако оддава тап звук или вибрира – тоа е лош знак. Исто така не значи дека сите фаќалишта на кои гледате магнезиум од некој кој претходно поминал таму се добри... Бидете внимателни!!!

Пресметувајте – замислете како векторите на сила која ја нанесувате на фаќалиштето – влијаат на него. Никогаш не повлекувајте кон надвор или кон вас фаќалиште кое ви изгледа сомнително бидејќи тоа така најлесно може да излезе од карпата! Повлекувајте надолу и тежината ставете ја на вашите нозе.

Планирајте го најлошото – Дистрибуирајте ја тежината на телото така да во случај ако фаќалиштето се искрши - брзо и лесно да ја повратите рамнотежата и избегнете пад. Ако извлечете некој камен викнете „КАМЕН!“ – што посилно можете. Планирајте добро каде да ги поставите сидриштата и човекот кој ќе обезбедува – да не дојдат во линија на таков одрон и пад.

Сезона – За време на пролетта кога се најсилни циклусите на студено-топло и по обилни врнежи – карпите се најактивни. Во тој период сите нестабилни работи на неа се најнестабилни и бидете највнимателни во тој период.

Најважно е следново – не ја предизвикувајте вашата судбина не носејќи шлем на вас. Со ултра-лесните модели кои се продаваат денес во продавниците, скоро и ќе заборавите дека имате нешто на глава.

Copyright © 2005 Alpinizam.org