Минување на глечер со „меки“ чворови
-текст од Дејв Нетл, илустрации од Мајк Клеланд
Минувајќи по глечерите на Монт Форакер почнав да согледувам еден поинаков и пофункционален начин на минување преку глечери, а посебно за наврска од двајца алпинисти (кои сакаат да имаат минимум опрема на нив).
Методот се заснова на основниот принцип за спасување – одбегнување употреба на т.н. „тврди“ чворови (осумка, булинов и сл.). Кога ќе се случи некоја тераса или мост преку креваса да се срушат и еден од алпинистите (во наврска од двајца) да падне, а при тоа тие се поврзани со „тврд“ чвор, тие во основа се заглавени во место и нивните опции се ограничени. Тој кој обезбедува ќе треба да си направи сидриште во местото каде е затекнат, а паднатиот да се искачува нагоре. Но во реалноста ова сценарио не е идеално.
Механички меки чворови: Еве како се изведува методот на „меки“ чворови кога наврска од двајца алпинисти поминува преку глечер со 60-метарско јаже. Со мастило кое нема да му наштети на јажето означете ги третините, за да по потреба лесно ги лоцирате овие места. Најпрвин на краевите од јажето, двајцата алпинисти треба да се наврзат со осмица со карабинер со матица. Овој тврд чвор е важен поради тоа што овозможува добра заштита, а по потреба можете лесно да се ослободите од него.
Намотајте ги околу рамо 20-те метри јаже помеѓу вашиот крај и означената третина. Потоа приврзете се на јажето со Grigri поставувајќи го на означеното место на третината од јажето. Бидете сигурни дека добро се имате наврзано – дека јажето излегува од „сликичката со качувачот“ на направата и оди кон вашиот партнер. Употребете јаже со дебелина од 9,8мм (или подебело) поради тоа што потенките јажиња не функционираат со Григри. (Забелешка: Petzl ја нема тестирано оваа техника со Grigri- то и ниту е „за“, ниту „против“ нејзе)
Одмотајте еден круг околу вашето рамо (со јажето кое излегува од Grigri- то) и на тој начин ќе добиете околу 60-тина сантиметри на јаже кое ќе го искористите да го замотате околу замотаното јаже околу вашето рамо со обичен чвор чија јамка ќе ја ставите во матица на појасот. Ова ќе го спречи обичниот чвор да се одврзе, а во исто време овозможува дополнителна заштита на Grigri -то. Без ова, јажето ќе може само да минува низ Grigri -то и при тоа да нема доволна затегнатост на јажето меѓу алпинистите.
При вакво наврзување, двајцата алпинисти имаат можност брзо да се менуваат во водењето и брзо да почнуваат процедура за качување, симнување или обезбедување. За да се растури системот, едноставно одврзете го обичниот чвор и намотаното јаже околу вашето рамо спуштете го на страна од каде лесно ќе може да работите со него.
Вежбајте: Вашиот партнер само што исчезна во некоја креваса, нема можност за добро сидриште, не можете да комуницирате и работите полека почнуваат да заличуваат како во филмот „ Touching the void“. Тоа сигурно не е момент за вежбање. Како и со секоја друга комплицирана метода важно е партнерите да разгледаат неколку можни сценарија пред да почнат да минуваат преку некој глечер, за да знаат што да превземат ако се случи таков пад кога комуникацијата ќе биде невозможна.
Спуштање: За претходното сценарио препорачувам план во кој паднатиот ќе биде спуштен до место на кое ќе може да застане или да се усидри и на тој начин да го ослободи јажето со цел тој горе да се помести и направи добро сидриште. Потоа по можност да се направи комуникација помеѓу двајцата алпинисти и паднатиот да почне да качува. Тој што е горе ќе треба да почека најмалку 10-тина минути пред да почне да го спушта паднатиот, со цел да му даде време тој да почне да качува (ако може веднаш да го прави тоа).
Само-спасување: Откако ќе биде направено сидриште, паднатиот едноставно поставува јумар на јажето (над Grigri -то) со јамка за стапнување и на тој начин се добива ефективен систем за качување. Застанете на јамката и повлечето го јажето низ Grigri- то. Седнете висејќи на него и подигнете го јумарот нагоре повторувајќи ја потоа процедурата...
Дејв Нетл живее во Тахо (САД) и работи како инструктор за работа со јаже и спасувачки техники насекаде во Северна Америка. Алпинист е повеќе од 30 години... |