- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата
|
Четири карактеристики на микс насоките
-текст од Шон Исак, илустрации од Мајк Клеланд
Превисните „драј тулинг“ висења денес се стандардна игра во релативно безбедните локалитети, но истите тие движења во микс насоки во една алпска средина се веќе исчекор. Микс теренот во планините нема тенденција да биде многу стрмен, но компензира со својата поставеност. Разлабавените камења и карпи покриени со снег алпинизмот го претвораат повеќе во битка отколку во качување за кое и на најискусните качувачи им е потребен добар тренинг. Подгответе се за следните четири основни карактеристики кога ќе посакате вашето качување да го однесете на повисоко ниво:
Пукнатини со мраз : овде може да се направи безбедно поставување, но со внимателност. Удирајте контролирано – поставувајте го палецот зад рачката на цепинот со цел да го стабилизирате ударот и да биде тоа направено во правец. Цепинот може исто така да биде забоден меѓу карпата и мразот како клин – за да го заглавите подобро може да го удирате со другиот цепин. Исто така ако не можете да го забодете цепинот во мразот нежно направете место со потчукнување во мразот кое би можеле да го искористите за закачување. Пред да поставите некој френд или слично средство зачистете го мразот со цепинот.
Карпа покриена со снег: да се најде место за безбедно поставување на цепинот на карпа покриена со снег може да биде застрашувачко искуство. Можни се два начина за решавање на оваа ситуација. Првиот чекор е да се исчисти карпата со рака (со ракавица) или со цепинот за да се лоцират фаќалиштата. Исто така може само да го двишите цепинот по карпата сé додека не се закачи на некое добро место. Не може да им се верува на фаќалишта кои не можете да ги видите, па затоа претходно тестирајте ги прво.
Ако теренот не е вертикален каков што и е вообичаено карпата покриена со снег, цепинот вообичаено ќе го користите за рамнотежа а поглемата тежина ќе падне на нозете. Најдобро за вакви терени се дерези со два запци напред, а не монопоинт дерезите (само со еден забец напред). Ако снегот е цврст и доволно дебел, удирајте во него за да си направите скали за стоење – секогаш тежината да ви биде распределна подеднакво на двете нозе.
Заглавени камења: обично се сретнуваат во камини, кулоари и обично се превисни пречки во насоката. Кога поминувате вакви формации – размислувајте тридимензионално. Употребувајте техники за минување камини употребувајќи ги ѕидовите на карпата и заглавениот камен. Местата каде тој се допира со карпата обично се добри фаќалишта. Обично нема грациозни потези – се употребуваат колената, лактите, стомакот…
Лабави карпи: како и во летни услои качување по лош терен и во зимски услови бара добро размислување и техника. Одбегнувајте секции каде на слепо барате фаќалишта – движете се претпазливо и тестирајте го секое фаќалиште. Во зимски услови за среќа вообичаено таквите места се цврсти – смрзнати. Ако теренот не е многу експониран наместо „драјтулинг“ употребувајте ги рацете за движење, а ако ги употребувате цепините не ги употребувајте двата на исто фаќалиште. Наместо тоа тежината распределте ја на четири еднакви места и никогаш на еден цепин или дереза.
Шон Исак има напишано книга: „Како да се качува- микс терен“ |
|