- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

 

 

 

 

 

 

 

 

Дома
Совети...

На мраз

-текст од Дејвид Рецел, илустрации од Мајк Клеланд

Независно од тоа колку се подобрува опремата за качување на мраз: подобри цепини, тубуларци кои полесно се поставуваат во мразот и подобра облека – качувањето на мраз има поинаква крива на учење од таа за на карпа. (Најдобро е да не се падне:)) Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во таа крива:

Покријте ја главата – „Примање“ чинии мраз врз главата може да биде многу опасно. Како и при секое качување очекувано е да примите неколку удари, но главната грижа е каде тие ќе бидат упатени. Употребете го шлемот за тоа за што тој е изработен – да ги прима ударите. За да биде подготвен за „битка“, шлемот треба да биде поставен над веѓите и добро затегнат. Секогаш приметувајте ги звуците на кршење на мраз – тие се најдобро предупредување дека наскоро ќе бидете удрени. Следниот пат кога ќе замавнете и некое парче мраз ќе се откачи, навалете ја малку главата надолу и принесете ја кон раката со која замавнувате. Ако се направи правилно, предниот дел на шлемот треба да заврши малку пониско од хоризонталната рамнина на очите. Ова е супилно движење – ако ја навалите главата премногу напред на удар ќе го изложите ’рбетот, а ако премалку ја навалите главата тогаш на опасност го изложувате лицето…

Нормален правец кон мразот – Кога качуваме на карпа често со патиките стоиме на прстите. Но, кога качуваме на мраз, треба да се трудиме стопалата да ги поставуваме во хоризонтална положба, во која би биле и дерезите. Ако стоите на прстите, петите ќе ви бидат издигнати и ќе притискаат надолу врз мразот разлабавувајќи го. За да се избегне тоа, петата држете ја на висина или малку пониско од висината на прстите на нозете. Оваа линија овозможува и вторите запци да бидат поблиски до мразот. Ова изгледа добро кога удирате директно пред вас, но што кога треба да удрите од страна? При ваквите удари контакт со мразот има само внатрешната страна (запци), а тие од надворешната скоро и да немаат никаков контакт. За да не биде така – треба едноставно ногата да ја ротирате – навнатре (во правец на движење на стрелките на часовникот). Така, вашето стопало и предните запци ќе бидат во нормален правец на мразот. При удар запомнете петата да ја држите ниско а прстите високо овозможувајќи им на предните и вторите запци да удрат во мразот.

Удар од колкот – Нормалниот начин на удирање (од колено) скоро секогаш прави предните запци да бидат насочени надолу, а не право кон мразот. Наместо тоа, закочете го коленото, дигнете го предниот дел од дерезите нагоре и замавнете ја ногата користејќи го колкот. Во текот на тоа движење, вашето колено треба да остане закочено при што прстите на нозете ќе бидат нешто повисоко пставени од петата и тогаш и предните и вторите запци ќе бидат забиени во мразот.


Дејвид Рецел живее во Авон, во Колорадо, со неговата сопруга и двете деца. Тој е инструктор и водич на карпа и мраз во текот на целата година во локалитетот Веил каде има сопствена агенција.

Copyright © 2005 Alpinizam.org