- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

 

 

 

 

 

Дома
Совети...

Oдморете ги рацете

-текст од Тај Милфорд, илустрации од Мајк Клеланд

Сигурно сте го почувствувале тоа и кога сте качувале како прв и кога сте качувале „топ роуп“. Започнува со чувство на пумпање и одеднаш сте во воздух. На сите им е познато тоа чувство – чувство на пумпање кога почнувате да викате „Затегни!!!!“ За среќа на тие како нас кои немаме многу сила во подлактиците има неколку едноставни положби на телото кои овозможуваат да се одморите без да ги користите рацете:

Пред да почнете да водите, погледнете ја насоката и должината која треба да ја поминете и пронајдете места за одмор. Ако имате топо-опис, погледнете каде имате некој камин, плоча, полица… Кога качувате во главата осмислувајте ги следните потези над вас. Движете се брзо но ефективно кон местото за одмор а при тоа протресувајте ги рацете при качувањето. Релјефот секогаш нуди место за одмор, а за тоа ви е потребно и око. Најдете некое вежбалиште или болдер кои ги имаат тие релјефни форми и вежбајте ги техниките сé додека тие не станат сосема природни.

Камини: Искачувањето на овие форми бара многу мала сила во горниот дел на телото. Со поставување и притискање со едната нога за едната страна од каминот поставете го грбот или другата нога на другата страна на каминот. Нозете вообичаено се користат за поместување на нозете во повисока положба.

Диедри: Овде најдете можност малку да влезете во тој простор и качувајте со т.н. „триење“ на патиките и притискање во обратен правец на ѕидовите искористувајќи ги сосема малите испакнатини. Бидете креативни – користете ги бутините, рамото, колкот…

Плочи: Овие форми се вообичаено „без фаќалишта“ така што кога ќе наидете на било што поголемко застанете и верувајте им на нозете. Приближете се кон карпата, спуштете ги рацете надолу и релаксирајте се.

Остри гребени: Не е лесно да ги пуштите рацете на ваков релјеф – затоа треба да се најдата добри места за поставување на нозете – на пример заглавете ја петата или едната нога од другата страна на гребенот поставувајќи ја тежината на неа колку тоа ќе можете. Со другото стопало треба да се оди на триење, а телото се оддалечува од карпата

Превиси: Да – големиот проблем! Тој кој те бутка од карпата. Релаксирај се… побарај испакнатини на кои може да виснеш (врвчиња или лушпи) – на кои можеш да го заглавиш коленото. Потоа притискајте во обратен правец – со коленото кон таа испакнатина а со стопалото кон ѕидот на карпата. Ова е малку некомфорна поза, но на тие клучни детали ќе ви озовможи да ги одморите преморените прсти на рацете. Ова заглавување може да се користи и во широки пукнатини и диедри.
Copyright © 2005 Alpinizam.org