- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

 

 

 

 

Дома
Совети...

Со и без цепин

-текст од Тај Милфорд, илустрации од Мајк Клеланд

Кога ќе се размисли подобро – алпинизмот во основа е брзо импровизирање во високо ризични ситуациии и при тоа донесување црвсти одлуки во текот на неверојатно силно невреме. Една таква ситуација е лизгањето со голема брзина по подмрзната и стрмна снежна падина – веројатно и без цепин.

Сепак излезот од таа тешка ситуација може да биде работа на предвидување и вежбање. За да се вежба – најдете некоја таква падина со безбеден и рамен завршеток и без никакви препреки во неа. Оставете ги дерезите и фрлете се надолу по падината. Дерезите ги оставате за да не се повредите, но вежбајте како да ги носите – со дигнати стопала нагоре.

Засатнете пред да почнете - На експониран терен одржувајте виско ниво на свесност во секое време – посебно при симнување бидејќи тогаш се случуваат најголем број од несреќите во алпинизмот. Движете се со оддалечени нозе една од друга со цел да не се сопнете закачувајте ги дерезите на камашните, држете го цепинот во позиција за запирање на пад и секогаш имајте најмалку две точки на потпирање. Цепинот секогаш поместувајте го само кога ќе бидете во рамнотежна положба (слика 1).

Забавување на падот – ако одеднаш се случи да се лизнете и да паднете, раширете ги веднаш рацете и нозете (во облик на морска ѕвезда). Тоа ќе го запре тркалањето по падината и ќе ве стабилизира или на стомак или на грб.

Без цепин – ако сте го загубиле цепинот, свртете се на стомак со нозете надолу. Свиткајте ги прстите на рацете поставувајќи ги под брадата и кочете забодувајќи ги во снегот. Во исто време зголемувајте го триењето забодувајќи ги лактите и колената во снегот (не ги забодувајте стопалата бидејќи во реална ситуација може да носите и дерези). Исто така раширете ги нозете, но стопалата држете ги наготе (слика 2)

Без дерези – Ако паднете, а немате ниту дерези, свртете се на стомак забијте ги прстите на рацете и нозете во снегот, а издигнете ја половината под агол од 90 степени (слика 3)
Copyright © 2005 Alpinizam.org