- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата
|
Основите на паѓањето
-текст од Арнолд Илгнер, илустрации од Мајк Клиланд
Паѓањето е дел од качувањето. Ќе се искрши некое фаќалиште и ќе летнеме. Важно е да се најдат добри начини да се вежба паѓање за да го учиме тоа безбедно.
Прифаќање. Кога паѓаме, намерно или ненамерно можеме да се полесно или потешко да се повредиме (па и полошо). За да ја прифатиме таа ситуација треба да бидеме цеосно свесни за сé што може да се случи. Треба искрено да ги разгледаме сите можни последици наместо да ги потиснуваме на страна. Со прифаќање на тие последици – загинување, тешка или лесна повреда, ние стануваме целосно свесни во што се впуштаме. Оваа свесност е многу важна за донесување на ефективни и добри одлуки кои ги ограничуваат сите можни последици.
Вежбање. Со вежбање на падови ние ја подобруваме нашата способност за реагирање при пад. Иако ја прифаќаме можноста за повреда, сепак сакаме да ги минимизираме шансите за такво нешто да се случи.
Местото каде ќе вежбате пад треба да биде заштитено од испакнатини, полици и тераси и да биде со добра точка за обезбедување. На почетокот изберете место кое е малку превисно за да ја избегнете можноста од повреда. Подоцна кога ќе сткнете искуство ќе можете да вежбате и на вертикална карпа, но и на места каде ќе има занесување на страна. Имајте доволно јаже во системот на обезбедување – околу 20- тина метри помеѓу вас и вашиот партнер, за да има подобра апсорпција на падот. Јажето ќе се истегне малку после неколку пада, па после вежбањето оставете го да ја врати својата форма и должина.
Ако се работи за почетник, овие вежби треба да почнат најпрвин на „топ-роуп“ систем. Потоа може да се додават и движења во лево-десно и полека да се доаѓа во ситуации на пад при водење – најпрвин директно над клинот, потоа едно движење над него, па 2-3 движења над клинот итн. Растојанието треба да се зголемува многу постепено.
Одржувај правилна форма при паѓањето. Тоа значи рацете и нозете да бидат малку свиткани нанапред со рацете поставени пред градите - за да спречат директен удар на телото во карпата. Не се фаќајте за јажето. При падот лесно одбутнете се наместо да отскокнувате од карпата наназад, бидејќи тогаш ќе удрите силно во карпата. Обратете внимание на дишењето и бидете релаксирани. Ако го држите воздухот и сте под стрес, тогаш ќе треба повеќе да вежбате пред да продолжите да вежбате поголеми падови.
Внимавајте на јажето. Ако сте директно вертикално над клинот, тогаш јажето треба да биде меѓу нозете, а ако сте од лева или десна страна на клинот, тогаш јажето треба да ви биде од страна. Уживајте во летот! |
|