Пензионирање на опремата
- Текст од Дејвид Шмид, илустрации од Мајк Клеланд
Тешко е да се донесе одлука кога да се „пензионира“ некој дел од опремата. Една работа е да оставите пола опрема кога се повлекувате од некое качување, но туку-така откажување од некој дел од опремата е сосема друга работа. Според некои механички инженери „железаријата“ т.е. карабинери, френдови, чокови и слично, скоро и да немаат ограничен рок на траење освен ако не покажуваат очигледни знаци на дотраеност – пукнатини, засеци или ако не функционираат „мазно“. Следниве совети ќе ви послужат како параметар кога да пензионирате дел некој дел од опремата, но како и со сé друго – проценувајте паметно и ако се сомнвате во нешто – заменете го. Целосно прегледувајте ја целата ваша опрема еднаш-два пати годишно. Подобро е да се осигурате на време пред да дојдете во позиција да бидете обезбеден од дел од опрема кој сте сакале да го замените.
Јажиња. Јажињата се најкритичен дел од опремата и затоа кон нив треба да се обврне посебно внимание. Еден знак на искористеност е јажето да ја загуби својата еластичност и со тоа способноста да абсорбира дел од силата при падот. Ако се случи пад на такво јаже целиот систем доживува поголема сила врз себе – можно е да се откинат дел од поставените точки за обезбедување па дури и да се искршат. Крутите јажиња може да бидат причина тој кој обезебедува да не може да го закочи падот. За да го испитате јажето поминете го низ прсти и пронајдете делови каде внатрешните нишки од јаженца се деформирале поради неколкукратни падови или падови со голем фактор на пад. Барајте исто така делови каде фали дел од надворешниот омот кој ја штити вантрешноста или пак крутост… Ако најдете такво нешто – заменете го јажето. Временски – јажето треба да се замени по три години ако се користело „викендашки“ или после една година ако се користело солидно во текот на таа година. Треба да се знае дека јажињата ја губат својата еластичност и ако се само така оставени без да бидат користени, па така јажиња кои се постари од 5-6 години не се соодветни за водење во насока.
Софтвер. Кратките (на комплетите) и долгите гуртни се „супер“ силни, но било кое мало оштетување во огромна мера ја намалува нивната издржливост. Ако мислите дека било кој дел од вашиот софтвер (вклучувајќи го јажето и појасот) биле изложени на влијание на некои силни детергенти, белила или киселини или дека биле предолго време изложени на УВ зрачења – заменети ги. Производителите препорачуваат замена на производи од најлон на секои пет години или од Spectra на секои три години.
Појаси. Појасите се прават од супер-издржлив најлон, но некои делови се трошат побрзо од други. Најочигледно е местото за врзување на јажето. Проверувајте го овој дел за евентуални оштетувања од триење со јажето кое може да го оштети заштитниот најлонски слој, па дури и шевовите. Проверете ги и гуртните за затегнувње – ако се излезени влакненца во ред, но ако постојат засеци тогаш нивната сила во голема мера е намалена и потребна е замена.
Карабинери. Карабинерите се силни само ако механизмот за затворање овзоможува вратичката да „се спои“ со остатокот од телото. Силата на карабинерот со отворена вратичка е само мал дел од неговиот нормален капацитет. Ако не се затвора добро вратичката – исчистете ја, но ако и после ова не функционира фрлете го. Исто така ова важи и ако постојат видливи пукнатини, ако фалат делчиња... Некои такви аномалии на карабинерите може да го оштетат и јажето.
Чокови. После неколку добри падови на чок поставен хоризонтално, сајлата ќе биде уништена. По добар пад, секогаш проверете го чокот – понекогаш некоја жичка може да е оштетена и да направи дополнителна штета врз гуртните, а ако се покаже оштетување во делот од сајлите кои директно го запираат ударот, тогаш тој чок треба да го замените...
Френдови . Секое извиткување во оската на френдот ја компромитира силата на френдот – дури и ако федерите и нивното функционирање се во ред. Редовно проверувајте ги оските на вашите френдови. Како и во случај со вратичките на карабинерите, така овде федерите треба да бидат во одлична состојба т.е. да го држат френдот во добра позиција за цело време додека на него висите. Ако овие федери се лепливи – исчистете ги. Главите на френдовите се деформираат во делот со кој биле поставени на карпата. Малите деформации се во ред, но со секое поголемо деформирање френдот треба да биде заменет. Производителите ги менуваат гуртните по ваше барање – ако на френдот имате гуртни за нив важат истите принципи како за другиот „софтвер“.
Средства за обезбедување. Тие се веројатно една од двете најважни делови од опремата и затоа проверувајте ги редовно. Плочките се литат на местото каде минува јажето – при спуштање и абзелување и тоа може да создаде остри рабови – опасно за јажето. Истото важи за сите други средства- треба да се проверат местата каде минува јажето каде има најголемо триење.
Шлемови. Шлемовите може да напукнат од лошо чување и поставување во раницата – не само од директни удари. Производителите препорачуваат замена на шлемовите на секои три до пет години со нормална употреба, но ако вашиот шлем доживее добар удар или покажува знаци на напукнување и старост – сменете го. Содржината под него е многу поважна од новиот модел. |