- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

 

 

 

 

 

 

 

 

Дома
Совети...

Широки пукнатини - техника за рацете

- Текст од Тони Џувел, илустрации од Мајк Клеланд

Кога прв пат научив како да качувам по пукнатини – многу ги сакав тесните пукнатини. Но кога работите станаа пошироки (за околу 8 сантиметри), почнав да го губам моралот и силата од моето тело. Но со постојано качување на некои калсични насоки со такви широки пукнатини почнав полека да ги согледувам работите и повторно бев успешен...

Почетокот е ваков: поставете ја горната дланка со палецот надолу и лактот нанадвор, а потоа соберете ја дланката и извиткајте ја поместувајќи го лактот надолу за да ја заглавите подобро. Потоа поставете ја долната дланка со палецот нагоре и 10-30 сантиметри под горната дланка. Соберете ги прстите и извиткајте ја раката поместувајќи го лактот надолу за да ја заглавите дланката подобро. Сега одлучете кое стопало ќе го поместите – поставувајќи ги колената нанадвор што ќе ви помогне полесно да ги поместувате стопалата и поставувате правилно со следното движење. Поставете го стопалото со палецот нагоре и поместете го коленото да биде во линија со пукнатината за да го заглавите стопалото подобро. Поместето го потоа другото стопало, а потоа сите движења.

Лева рака. Во основа ако пукнатината оди кон лево – најдобро е горната рака да ви биде левата (и обратно). Во диедар најдобро е горната рака да ви биде раката која може да ја потпрете на еден од ѕидовите. Тоа ќе ви овозможи да ги поставите рацете до лактот во пукнатината – ако чувствувате потреба за поголема сигурност. Ќе приметите дека колку повеќе ја ставате горната рака во пукнатината толку телото ви се поместува кон долната рака. Нема да можете да гледате директно во пукнатината, но тоа е во ред. Најважно е да ги „чувствувате“ заглавувањата.

Пставување обезбедување. Избегнувајте искушение да поставувате обезбедување што повисоко кога напредувате. Заглавете ја раката добро и поставете обезбедување или неколку сантиметри под загалвената дланка (рака) или на висина на половината. Кога веќе сте ставиле френд, чок или нешто слично релаксирајте се малку па дури можете и да извлечете една рака од пукнатината и да ја протресете. Кога ќе го одминувате поставеното обезбедување внимавајте да не го поместите со другата рака или нога. Во диедар опремата поставете ја на спротивната страна од вашето тело – таа која не се трие од карпата.

Виткање. Како и повеќето качувачи при поставување на рацете во широки пукнатини често не го чувствував безбедно, а понекогаш беше и болно. Потоа увидов дека е подобро да се собираат прстите и да се извртува раката. Собирајте ги прстите исправени и со врвовите кон внатрешноста на пукнатината. Потоа извртувајте ја дланката во правец на малиот прст (за десната дланка вртете во правец на движење на стрелките на часовникот, а за левата обратно). Кога ќе ја поставите дланката добро тогаш делот над малиот прст и делот под палецот (краевите на дланката) ќе се потпираат на двете страни од пукнатината.

Палците. Друга важна работа е палците на двете раце да се свртени еден кон друг т.е. палецот од горната рака да гледа нагоре, а тој од долната рака нагоре. Најдобро е така да се поставени дланките во текот на целото качување, наместо да се поместува една рака преку друга. На тој начин качувањето е побезбедно бидејќи постојано двете раце ќе бидат во пукнатината. Колку длабоко ќе ја ставите раката внатре зависи од чувството (во пукнатината барајте разни испакнатини), но генерално поставувањето на раката нешто повеќе од половина од подлактицата е сосема доволно.
Copyright © 2005 Alpinizam.org