- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата
|
Дребулии под шлемот
-текст од Пит Рајан, илустрации од Мајк Клеланд
Алпинистите сакаат да бидат лесни и брзи. Малку вода и храна, лесна ветровка и челна лампа – во просек само тоа се зема за качување од еден ден. Опремата за прва помош за жал скоро секогаш се остава назад во раницата на почетокот од насоката. Ако сепак земете таква опрема, добро е и двајцата алпинисти да имаат дел од нејзе со себе, а не само еден од нив. Ова посебно важи во случај кога само еден од алпинисите има раница со себе. Во тој случај се поставува прашањето како би ги земале тие работи со себе?
Одговорот лежи во шлемот. Опремата за прва помош може да биде ставена во просторот помеѓу гуртните за амортизација и пластиката на шлемот - над главата. Сепак со ваков простор не располагаат сите модели на шлемови, а веројатно најдобри модели за таков начин на носење на првата помош се Edelrid Ultralight и Petzl Ecrin моделите.
Без разлика каков модел на шлем носите – просторот ќе биде ограничен. Поради тоа ќе треба да направите добра селекција што да земете. Земете во предвид кои најмали работи може да бидат најпотребни, а кои тешко ќе можете да ги замените со нешто друго. Добар почеток би биле – стерилни гази, лента фластер и лекови против болка – кои потоа би ги ставиле во најлонче кое ќе го ставите во просторот меѓу гуртните и пластиката. Не го преполнувајте тој простор, ниту пак ставајте остри предмети кои ќе ги компромитираат безбедносните квалитети на шлемот.
Секако, тој прибор не мора да биде ограничен само за прва помош. Таму можете да ставите и енергетска храна, топо карта за насоката и симнувањето, тенка балаклава… Исто така на надворешната страна на шлемот може да залепите неколку кратки ленти дебел селотејп кои би ви се нашле за некоја брза поправка или пак за подобро фиксирање на челната лампа на пример. Опремата која може да се стави во и на шлемот не може да биде одговор за некоја многу сериозна незгода, но може да ви помогне до голема мера до моментот додека стигнете долу до раницатата и шаторот.
|
|