Дамите во височините – Пролет 2009г.

Оваа сезона е евидентен зголемениот број на девојки кои учествуваат активно во искачувањето на планините повисоки од 8000 метри. Ќе ви претставиме дел од нив – кои учествуваат во самостојни експедиции како активни качувачи, а не тие во комерцијални експедиции - како клиенти...

Сите 14
Ќе почнеме со тие кои до сега имаат најголем успех - барем од аспект на квантитет. Не го знаеме точниот број на мажи кои до сега се искачиле на сите 14 врва во светот повисоки од 8000 метри (бидејќи во основа проектот не нé интересира како таков), но тоа до сега не е постигнато од ниту една жена. Најблиску до оваа цел се три дами и сите се израмнети со по 11 искачени врва над 8000 метри: Едурне Пасабан (Шпанија), Герлинде Калтенбрунер (Австрија) и Нивес Мерои (Италија).

До „сите 14“ во списокот на Едурне недостасуваат Кангченџунга, Анапурна и Шишапангма, на Герлинде Еверест, Лотце и К2, а на Нивес Кангченџунга, Макалу и Анапурна.

Оваа сезона Едурне ќе се обиде да се искачи на Кангченџунга. На оваа планина претходно се имаат искачено само две дами: Герлинде Калтенбрунер и Жинет Харисон. И Нивес Мерои оригинално планираше да се обиде на оваа планина, но со својот партнер сепак наместо тоа се одлучија за Анапурна. Герлинде од друга страна најавува обид за искачување и на Лотце и на Еверест, а К2 би останал за сезоната Пролет/2010г.

Еверест од Југ

Ќе почнеме со „нашите“. Хрватските дами по успешното искачување на Чо Оју минатата година, оваа година ќе се обидат на највисокото во иста форма – женски тим. Оваа година членови се: Дарија Бостјанчиќ (31), Ирис Бостјанчиќ (29), Теа Џурек (35), Сања Џурин (35), Сунчица Храшчанец (37), Јосипа Левар (29), Јана Мијаиловиќ (37), Ведрана Симичевиќ (32), Милена Шијан (40) и Ена Врбек (24). Следете ги на: http://www.plsavez.hr/hr/%C5%BDenska_ekspedicija_Everest_2009

Женски тим има и од Сингапур. 6-члениот тим до сега има успех на Чо Оју во 2007 година. Членови се: Џејн Ли (најмлада со 23 години и водач на експедицијата), Сим Ји Хуи, Естер Тан, Ли Пе Ги, Џоан Су и Ли Ли Хуи: http://www.humanedgetech.com/expedition/swe2/

Кангченџунга: Покрај Едурне за која пишувавме погоре, на оваа планина свој обид ќе направи и полската алпинистка Кинга Барановска: http://www.kingabaranowska.com

Анапурна: Нивес со својот партнер Романо Бенет го променија својот план. Наместо на Кангченџунга, се појавија под Анапурна: http://www.nives.alpinizem.net

Овде е и француската алпинистка Елизабет Рево: http://himalaya-light.over-blog.com/

Лотце: Австријката Герлинде Калтенбрунер: www.gerlindekaltenbrunner.at

Манаслу: 5-член женски Андалузиски тим: http://www.fedamon.com/expediciones/2009/manaslu2009.htm

 
Copyright © Alpinizam.org