Share

Наши искачувања

Првите алпинистички искачувања ги направивме во 1998 година на Матка. Карпата која се издигнува над езерото гледана од патеката која од браната води до планинарскиот дом, ресторанот и црквичката Св. Андреа е карпа на која веројатно сите македонски алпинисти и воопшто прв пат почнале сериозно да работат алпинизам. Таа е школски центар во кој по добро обезбедени насоки под надзор на алпинисти-инструктори се врши обука на нови аспиранти за оваа активност и на сите ни е многу мила.

Првата алпинистичка насока на која заедно качувавме беше насоката Нина. На неа бевме заедно со нашиот пријател Надир Мурсели, на 18 Јули 1998 година. Од тогаш имаме МНОГУ заеднички искачувања на другите насоки на овој локалитет, но исто така и на другите во Македонија и подалеку... Следете нé! - Игор и Весна Талевски

Доломити (Август/2010)

Многу убави искачувања на Трите Кули на Лаваредо. Супер насоки: Пројс, Дилфер, Комичи... Исполнувачко искуство!

Локалитети во Македонија

Претставување на локалитетите Матка, Демир Капија, Остра Карпа, Солунска Глава и др. и некои искачувањa на насоките во нив...

Обид на К4 (Јуни/2010)

Обид да го поминеме можеби најсериозниот проект на Матка - насока искачена во 1982 година од Павле Козјек и Панче Ѓорѓиевски...

Од наши пријатели

Текстови од други македонски алпинисти за некои нивни искачувања и искуства во локалитетите во Македонија и надвор. Исто така текстови од странци за нивните искуства во Македонија...

Трескавец и Кукул (Мај/2010)

По една година повторно во рајот на чистото качување во Македонија. Нова „Убава“ на Трескавец и две искачувања на Кукул...

Tрекинг во Непал (Мај/2010)

Прекрасно трекинг искуство - посета на споменикот на Димитар Илиевски - Мурато, Кала Патар (5600м), Ајланд Пик (6200м)...

Демир Капија (Мар-Апр/2010)

Направивме две посети на овој локалитет искачувајќи три многу убави насоки: „Тулумба“, „Полжав“ и „Гавран“...

На мраз (Јан-Февр/2010)

Убави искачувања на мраз на три локалитети: Патишка Река и Палиснопје во Македонија и Скакавица во Бугарија...

Враца (Септември/2009)

Повторна средба со прекрасната „Врачанска скала“ во Бугарија. Убави искачувања на неколку помали подмасиви и во големата Централна Карпа...

Македонска насока (Јули/09)

Искачувања во Хрватска во градот Омиш: Планово, Стоморица и Шантини Карпи во Сплит... Нова насока во чист стил на Стоморица...

На Плетвар (Мај/2009)

Добри можности за качување на цврста карпа која изобилува со опции за чисто качување. Нашата линија влегува во десниот дел од карпата. Првата должината е 30 м. и сидриштето го поставив на првата поголема полица...

Карпите на Радика (Мај/2009)

Ги гледавме секоја зима кога одевме да качуваме на мразеви таму, но никогаш разговорите околу тоа колку можности има во овој дел и за качување на карпа – не сме ги претворале во конкретна акција...

Сиќево (Април/2009)

Сиќевската клисура е најголемиот локалитет по висина на карпата и по бројот на насоки во Србија.  Качувањето во овој крај започнало во 1950-тите години од страна на српски алпинисти кои ги поставиле основните стандарди...

Трескавец (Февруари/2009)

Прва беше линијата која следеше еден голем крив оџак, кој почнуваше тесно, но брзо се ширеше. Како добри домаќини момците ми дадоа шанса јас да влезам прв во него...

Столбот на Патишка (Февруари/2009)

Одлуката каде да влеземе падна веднаш на најзабележителниот мраз овде. Тоа е мразот кој како во каскади, но и со маркантни вертикални делови се спушта со должина од најмалку 200 метри...

Соло - Матка (Февруари/2009)

Ниту добрите коментари ќе ме охрабрат за во иднина да продолжам со ова, ниту лошите коментари ќе ме обесхрабрат. Ништо не може да ме подбуцне или приземји...

К1, Матка (Ноември/2008)

Само еден ден откако дознавме како стојат работите со К1, К2, К3 и К4 насоките на Матка, решивме да почнеме да ги качуваме. Веќе нема оправдување...

Доломити (Август/2008)

Прекрасни нови искачувања во планините кои нé воодушевија пред три години. Овој пат бевме на Аверау, Села, Чиавазес, Пордоишпиц...

Пакленица (Август/2008)

Искачивме седум насоки на исто толку различни локалитети во Пакленица. Сакавме преку качување да го откриваме секое катче на оваа хрватска качувачка Мека...

Охрид (Јули/2008)

Викенд во Охрид. Посетивме неколку качувачки локалитети: Трпејца, Св. Никола и Зли Дол... Прекрасно качување, време и преубаво езеро... Дефинитивно нешто што треба почесто да го правиме.

Перу (Мај / Јуни 2008)

Заедно со Канадскиот алпинист Џован Готие, Игор ја направи својата прва посета на Кордилерите - Хатун Мачај, Есфинге... Прекрасни искуства и секако веднаш нови планови...

Мразевите во Маврово (Јануари/2008)

Искачувања кои ги направивме во првиот викенд во оваа нова година. Мразевите во долината на реката Радика ги качуваме веќе 10 години...

Њујорк и Њу Хемпшир (Јуни/2007)

Во неофицијална посета на САД, Игор направи искачувања во некои од најпознатите локалитети во сојузните држави Њујорк и Њу Хемпшир: Ганкс, Вајтохрс, Канон...

Алпи (2006г.)

Триаголникот на северната страна на Монт Блан ду Такул преку 2 насоки, Ејги ду Миди преку гребенот Космик, пречката до Монт Блан преку ду Такул и Маудит - искачувања направени во Јуни / Јули 2006 година во Француските Алпи...

Доломити

Доломити - Италија (2005г.)

Големо поглавје од историјата на модерниот алпинизам е напишано во овие италијански планини со огромни варовнички ѕидови и кули...

Пакленица

Пакленица - Хрватска (2004г.)

Тoa бeшe eдeн вид пoлицa koja oдешe дијагoнaлнo вo дeснo вo дoлниoт дeл oд Стoлбoт и бeшe нeштo kako нaшa "Чeтири kлинa ", нo сo пoтeшkи дeтaли...

Френдо

Френдо (D+) (2004г.)

Сeвeрнaтa стрaнa нa Ejги ду Миди ja видoв минaтaтa гoдинa и oд тoгaш сkoрo цeлa гoдинa koj и дa мe прaшaшe kakви сe мoитe плaнoви зa слeднaтa сeзoнa oдгoвaрaв дeka сakaм дa oдaм нa Фрeндo - kaрakтeристичeн стoлб..

ду Такул

Белата Долина - Алпи (2003г.)

По долго патување од Македонија пристигнавме во Шамони каде што се сместивме во еден од камповите во овој прекрасен француски град каде се чувствувавме „како дома“. Сé во градот дише заедно со планините...

Враца

Враца - Бугарија

Kaрпaтa нa oвoj aлпинистичkи лokaлитeт пo сoстaв e вaрoвниk, koj e извoнрeднo бeл, чист и цврст. Kaчувaњeтo нa дoлгитe нaсokи вo убaв дeн e прekрaснo... Сekako дeka внимaвaтe нa kршливoст и рoнливoст...

Монт Витни (4417м) - (2000г.)

Присетување на искачувањето на највисоката планина во континентална Америка, направено со Пол Мејси - алпинист од Нов Зеланд...

Учество во Балканијадата во градот Буштени - искачувања во регионот Костила...

 

„Не дозволувај никому да ги пресече сребрените крилја на твоите златни соништа„

- Шри Чинмој

Copyright © Alpinizam.org