Сашко на „Андреј Гитеску“ Сашко на насока

 

Симнување од насоките симнување

 

 

Бучеги - Романија

градот Буштени и планините БучегиОд 22-ри до 25-ти Јули 1999 година во Романија, во градот Буштени, се одржа Балканијада – средба на алпинисти од балканските земји. За жал (од една страна) гости бевме само ние – алпинисти од Македонија, но за среќа (од друга страна) поради тоа имавме можност многу подобро да се запознаеме со локалитетот бидејќи домаќините нé имаа само нас и ни посветија целосно внимание...

Текстов го пишувам од дистанца од 8 години и не се сеќавам кој сé беше таму од нашите алпинисти покрај мене и Весна, но се сеќавам на Анела, Сашко, Надир, Никола Боцевски, Дарио, Борче Јовчевски, Зоран Мајсторски и други – не имаше многу на број дефинитивно.

Бевме сместени во хотел во градот и секое утро пешачевме најпрвин до домот Кастила (1700мнв), а потоа и до насоките. Излезот на насоките беше отрпилика на висина од околу 2000мнв и потоа следуваше и симнување кое понекогаш беше по не многу лесен терен. Во секој случај секое искачување беше интересно планинско искуство.

карпаДомаќините нé водеа по насоките. Првата насока која ја качив беше со Фелициа Еначе, а со мене беше и Сашко. Насоката се викаше Андреј Гитеску (VI-) и беше долга околу 200м. Имаше интересен и експониран пристап. Се сеќавам посебно на тесната полица која ја пречевме во последните 20-тина метри, а под нас имаше добра вертикала. Фелициа многу добро ја водеше насоката – со употреба на френдови и чокови бидејќи клиновите беа на поголемо растојание и знам дека со Сашко бевме импресионирани од нејзиното качување. Одлично ја поминавме оваа насока, а потоа следуваше и интересно симнување по експониран терен...

Втората насока беше Балкоанеле (VI-) и таму мене ме водеше Геогре Еначе – сопруг на Фелициа, а зад нас во наврска беа Сашко, Весна и Анела. Насоката беше со должина од околу 100 метри. Се сеќавам дека како и со Фелициа комуникацијата при качувањето се сведуваше само на „Ок“. „Ок“ при тргнување, „Ок“ кога тој ќе дојдеше на негово сидриште, „Ок“ кога требаше да го ослободам јажето, „Ок“ кога тој почнува да ме обезбедува...

на насока Цело време – „Ок“. Во таа насока се сеќавам на должина (мислам втората) во која имаше интересно пречење по една дијагонална пукнатина во која се поставуваа обезбедувањата – но и целата насоката беше „Ок“...

Третата насока на која бев беше една од насоките кои се издигнуваат веднаш зад домот Костила. Зад него имаше карпа од околу 100-тина метри и со Сашко ни оставија впечаток локалните алпинисти кои качуваа таму, па и ние одлучивме да одиме. Насоката која ја избравме се викаше Катараторулу (V+).

И тоа беше тоа – убаво си поминавме генерално и се надевам дека некогаш повторно би качувале таму...

- Игор

Copyright © Alpinizam.org