На оваа тема:

- Мразевите во долината на реката Радика;

- Неформален собир на МАФ (јан/2015)

Собир на МАФ (јан/2015)

- 22.01.2015г.

На качување на мраз последниве години најчесто одевме на мразевите на Патишка Река (како на пример ова искуство од 2009тата), а прв пат на мраз качувавме пред 16 години во долината на реката Радика во НП Маврово, каде што последен пат бевме некаде пред 6-7 години. Генерално избор почесто ни беше Патишка, поради големината на мразевите таму, но не секогаш ова место треба да биде прв избор поради големата лавинска опасност која постои и треба секогаш многу внимателно да се одбира моментот за заминување: да се следат условите, да се собираат информации од колеги кои биле таму или во околината, од селаните во Патишка Река - за последни врнежи на снег, ветер, температури итн итн. Мавровските мразеви се порелаксирано искуство од тој аспект. Барем тие кои ги качуваме. Наши колеги од АК Матка, две недели претходно беа заминати за Патишка и додека качувале на мразевите, во непосредна близина на нив поминале 10-тина лавини. Условите во следните денови не ја променија опасноста и Македонската алпинистичка федерација (МАФ) донесе одлука да се направи еден неформален собир во Маврово: дружење на сите заинтересирани членови со различно искуство на качување на мраз и на повикот одговорија клубовите од Скопје, па така на терен тие два дена имаше околу 15 алпинисти. И си поминавме многу убаво:


Местоположбата на мразевите кои ги качувавме овој пат, во однос на Мавровското езеро

Повеќе фотографии на нашиот ФБ профил >>>>

Copyright © Alpinizam.org