Партнери:
На оваа тема: - „Тајниот премин“ (VI, 7м), Камена баба (Април/2011); - „Пинки“ (VI-, 35м), Камена баба (Април/2011); - „Убаини“ (V, 30м), Камена баба (Март/2011); - Во чист стил, најава на планирани акции (Март/2011); - „Убава“ на Трескавец (Јуни/2010); |
Kaмена Баба - во чист стил - 10.11.2011г., Игор Т. Со друштво Поминаа повеќе од шест месеци откако со Весна бевме последен пат на карпите околу Прилеп. Од тогаш разно-разни нешта: учествувавме во алпинистички собири при Македонската Алпинистичка Федерација (МАФ) на Матка, потоа алпинистички камп во Црна Гора, Бадиле, Ехо од Банско, работни турбуленции... Сé некако се одложуваше нашата повторно посета, а толку често помислувавме да отидеме барем на еден ден. Но, веројатно оставивме да биде „сé во свое време“ и тој ден ете сепак си дојде. Овој пат, прв пат таму во поголемо друштво. За нашиот план пуштивме отворена покана до сите членови на МАФ и во Неделата во Прилеп се најдовме со уште десет колеги. Поканата беше упатена до сите: да се дружиме – некој за прв пат да качува на тој тип на карпа, некој за прв пат да качува целосно во чист стил (како втор или како прв во наврската независно) и мислам дека добро поминавме. Цел ни беше Камена баба. Сите наврски искачија по најмалку 3 насоки на западната страна на оваа карпа, а се повторија неколку линии: Претседателот, Бабина дупка, Љољо, Овчарска, Вертикалада, Sunny crack, Еребица (дознавме дека така се вика пукнатината десно од Пинки)... Еве и по некоја фотографија од ова патување: На дел од постоечките сидришта беше направена и промена на карабинерите кои се користат за абзелување. Сега се поставени челични овални карабинери со матица од Rock Empire. Локалните качувачи од Прилеп ни кажаа дека дел од карабинерите поставени на други сидришта биле извадени. Се молат сите качувачи да разберат дека ова се намерно оставени карабинери за заедничко користење, а не заборавени или принудно оставени карабинери. Секој качувач исто така треба да ги користи на своја одговорност, со претходно направена проценка дали тие се моментално исправни и дали има некое оштетување на нив: од несовесно користење на други качувачи, влијание на временски услови...
Користете го „+“от и „-“от за зумирање во мапата со цел подобро да ја видите околината и местоположбата на Камена Баба... |
||||||||||||
Copyright © Alpinizam.org |