![]() |
|||||||||||||
Партнери:
На оваа тема: - „Тајниот премин“ (VI, 7м), Камена баба (Април/2011); - „Пинки“ (VI-, 35м), Камена баба (Април/2011); - „Убаини“ (V, 30м), Камена баба (Март/2011); - Во чист стил, најава на планирани акции (Март/2011); - „Убава“ на Трескавец (Јуни/2010); |
![]() Kaмена Баба - во чист стил - 04.04.2011г., Игор Т. Втора епизода Искрено се подготвувавме најмногу за Пишчанец – една деликатесна пукнатина на западната страна која навистина изгледа одлично, но приближувајќи се кон Камена Баба, ни падна во очи еден систем на пукнатини во нејзиниот јужен дел. На околу 10-тина метри во десно од Sunny crack кога се гледа кон карпата. И така се случи: „Пинки“ (VI-, 35м)
Како и да е, изгледаше дека е краток и тргнав. Уште на почетокот искршив еден лабав камен и искрено не ми се допадна идејата покрај мовот качувајќи да чистам и камења. Сепак нагоре беше во ред, а пукнатината во тие 10-15 метри одлично прима френдови. Во моментот кога полека доаѓа нејзиниот крај, поставив еден мал чок во мала пукнатина која е паралелно со нејзе малку во десно и тоа ми беше последно обезбедување сé до карактеристичната широка пукнатина која се гледа уште од местото каде го паркираме автомобилот долу...
Насоката продолжува нагоре уште 7-8 метри преку друга пукнатина во десно на плочите пред вас, но поради тоа што би се создало триење на јажето – мислам дека тоа е подобар избор (да се направи сидриште, наместо да се оди целосно до горе. Како и да е горниот дел е најлесен и генерално најголемата тежина е во средниот дел, а оцената останува да ја потврдат наврските кои ќе ја повторат насоката. Во десно од оваа пукнатина има уште една која се издигнува дијагонално во десно – би била интересна верувам!
Повторувањето на Пишчанец отпадна како опција: рацете ни беа уништени (од заглавување дланки и подлактици), а за оваа пукнатина која ни изгледа како посебен деликатес сакаме да бидеме „топ“ подготвени и здрави. Така што се решивме да повториме други. Sunny crack (прв пат качена од Горан К., Ема Д. и Марио М. од СКК Вертикал од Битола) е убав систем од две паралелни пукнатини многу блиску една до друга и всушност се качува во расчекор со заглавување на екстремитетите во нив (барем јас така правев). Во долниот дел има еден „превис“ – една грмушка која како да ме буткаше надолу, но генерално движењето е лесно и добро прима обезбедување. Пред излезот на големата тераса пукнатината нуди многу добри дилферести движења. Овде на терасата повторно направивме сидриште и од тука пукнатината нагоре продолжува уште некои 7-8 метри до врвот. Убава линија од самиот почеток! И овде има можност за варијанти – па ќе видиме :)
Се работи за одлични линии кои навистина нудат убав помин на убава карпа. За време на подготвувањето на абзелот, почна ситно да врне и тоа значеше крај на уште еден супер помин на оваа карпа! И секако – ту би континју!
Користете го „+“от и „-“от за зумирање во мапата со цел подобро да ја видите околината и местоположбата на Камена Баба... |
||||||||||||
Copyright © Alpinizam.org |