Партнери:

 

На оваа тема:

- „Тајниот премин“ (VI, 7м), Камена баба (Април/2011);

- „Пинки“ (VI-, 35м), Камена баба (Април/2011);

- „Убаини“ (V, 30м), Камена баба (Март/2011);

- Во чист стил, најава на планирани акции (Март/2011);

- Битолчанине (Март/2011);

- „Убава“ на Трескавец (Јуни/2010);

- „Ајкула“ на Плетвар(Мај/2009);

- „Кривиот оџак“ и „Античка стрела“ (Февруари/2009)

Share

Kaмена Баба - во чист стил

- 28.03.2011г., Игор Т.

Убаини!

Името на нашата нова насока на западната страна на Камена Баба, искачена пред два дена, кажува како си поминавме од секаков аспект – „Убаини!“ И од аспект на друштво и од аспект на прекрасниот поглед на сите страни – илјадници болдери и карпи во близините и далечините и од аспект на погодено време (ајде и на ветерот сега вака од дома ќе му простиме)... Убаини од секаков друг аспект кој сум го заборавил! (Да не ми се налутат другите аспекти...)

Од Скопје тргнавме тројка – его, Весна Т. и Маја М. со намера да повториме некоја од постоечките насоки на Камена Баба и истиот ден да си се вратиме во Скопје. Сега да не деталчам со детали од аспект на кога тргнавме, што доручкувавме итн – стигнавме и почнавме со качување. (Добро ајде само еден детал од пред качувањето – бев многу среќен кога ги здогледав карпите преминувајќи преку Плетвар! Ептен!)

Сакавме сите насоки кои би ги качиле да ги качиме „солза чисто“ (цитирам едно пријателче)! Некои од постоечките насоки се со избушени клинови во нив, но решивме да ги игнорираме овие при тоа користејќи само чокови, френдови и гуртни за обезбедување. Почнавме со „Претседателот“. Овде би се задржaл на еден податок: веднаш се увидува различниот начин на комуникација со карпата на кој сме се навикнале на варовникот поблиску до нас – максимално користење на пукнатините со заглавување на сé и сешто во нив. Значи заглавување не само на чоковите и френдовите за обезбедување, туку и на екстремитетите при качувањето. Потоа тргнавме кон десно – „Бабина дупка“, „Љољо“ и „Овчарска“. Насоките се високи само 30-тина метри, но стилот на качување во комбинација со многу убавите детали во насоките носат вистинска радост!

По овие 4 повторувања, почнав да се подготвувам за уште едно (се мислевме помеѓу „Деа“ и „Вертикалада“), но како уште од скоро самиот почеток на оваа посета, вниманието повторно ми се сврте кон еден жлеб/пукнатина која беше десно од „Љољо“. Ме викаше! И решив да влезам. И беше...

„Убаини!“ (30м, убава V-ка)

За првото качување: Игор и Весна Талевски, 26 Март 2011г.

Значи линијата всушност е многу очигледна и логична. Се влегува во еден жлеб кој во почетокот пречекува со лабав (голем) блок, но по „нежно“ користење на истиот за качување, се влегува во многу ОК терен. Од таму продолжува една пукнатина околу која од двете страни има плочест терен, но со внимателно качување се наоѓаат решенија на мали фаќалишта и користејќи ја пукнатината за напредување (благо дилфересто) и обезбедување (добро прима френдови и чокови) се излегува на поблаг терен. Но и овој е убав и повторно логичен: една убава пукнатина кон сидриштето, но сега оваа е полесна и со големи фаќалишта од двете страни... Бев среќен – затоа што ја поминав, но и затоа што одговорив на повикот (се двоумев поради блокот и поради мовестиот изглед на плочите). Ја гледав цело време додека ги качувавме другите насоки, па и од сидриштето од горе - од каде се гледа излезот од дилферестата пукнатина...

И така, после овие качувања си отидовме :)
Но секако приказната со Камена Баба ќе продолжи – има уште постоечки насоки кои би сакале да ги повториме, но и некои други неискачени линии кои ни фатија око... Така што – ту би континју!

Голема благодарност до сите пријателчиња со кои се сретнавме на Камена Баба, а посебно секако до Маја за дружењето со нас во овие насоки и документирањето на новото искачување и до Горан К. од СКК Вертикал кој ни обезбеди податоци за постоечките насоки!

Користете го „+“от и „-“от за зумирање во мапата со цел подобро да ја видите околината и местоположбата на Камена Баба...

Copyright © Alpinizam.org