„Најдобрата работа која може да му се случи на качувањето е сите да имаат голема почит кон природата и да се грижат за неа. Да се качува чисто и да се одржува високо ниво на авантура...“
– Том Фрост
*****
„Мера за личниот успех е стилот на качување, а не достигнувањето на врвот или поинаку кажано – треба секој од нас да се запраша дали целта навистина ги оправдува средствата... Влегуваме во нова ера во алпинизмот и треба да си ги преиспитате вашите мотиви во качувањето. Сетете се на карпата, на другите качувачи – качувајте во чист стил...“
– Том Фрост и Ивон Куинард
*****
„Зошто качуваме?“ е лично прашање, но „Како качуваме?“ (прашање кое ретко се поставува) е колективно прашање...
- Марк Џенкинс
*****
„...Не само што е важно дека некој „се“ качил и симнал од некоја планина туку важно е и „како“! Кога некој коњ ќе почне да галопира за време на оседлувањето, тој ќе биде дисквалификуван поради тој „нечист“ став. Значи го тераме ирационалното животно да има чист стил, а треба сé да им се дозволи на алпинистите кои можат сами да размислуваат?...“
-Пол Пројс |
Во чист стил!
-16.03.2011г.
Најава за планирани акции – Златоврв, Кукул, Остра Карпа, Плетвар...
По неколкуте посети на локалитетите околу градот Прилеп, на тамошните карпи, се уверивме во големиот потенцијал кој постои за качување во чист стил на нив.
Нашиот план во периодот кој следува е да бидеме многу почесто таму. Сакаме уште посилно да го промовираме овој стил на тие карпи, да изградиме поголема база на информации од аспект на искачени локалитети, насоки, нови можности и се надеваме дека ќе успееме да инспирираме тој пристап да биде прифатен од сите качувачи (домашни и вонземјански) кои во иднина ќе ги посетуваат овие места.
Веруваме дека овој стил на качување овозможува најсилна комуникација помеѓу качувачот и карпата, планината и природата. Веруваме дека овој стил на качување е единствен правилен пристап кон гранитните карпи околу овој град – кои треба да бидат зачувани и за генерациите кои ќе следуваат после нас. Веруваме дека овој стил на качување е моќен начин на создавање на ментално силни и самостојни качувачи кои најдобро и најбрзо би се снаоѓале и во многу поголеми локалитети. Гранитните карпи околу Прилеп нудат можности за авантура за сите категории на качувачи – од почетници до напредни качувачи и се надеваме дека во иднина истите ќе прераснат во интегрални чисти качувачки локалитети.
Среќни сме што во оваа акција влегуваме со наш нов партнер: Телесмарт Телеком.
Исто така помагатели се и Rock Emire (производител на опрема за качување од Чешка - нивните чокови и френдови се постојан партнер во нашите искачувања од самиот почеток) и Alpina (производител на чевли од Словенија - веќе подолго време наш совршен трекинг партнер).
|
Партнери:
|