Насоките кои ги качивме (кликни за опис и скица):

- Северо западна страна на Монт Блан ду Такул (4248m) PD-

- Гребен Космик PD+

- Северен Кулоар AD-

- Лев Раб AD

 

Колку чинеше патувањето???

 

Медиумски Покровители

 

Спонзори

 

Дома

Алпи 2006

Источната Страна на Монт Бланв се вика БренваВе потсетуваме дека наша цел беше Источната Страна на Монт Блан - Бренва (на сликата лево). Нејзината висина од 1400 метри и излез на 4810 метри се секако голем предизвик во западните Алпи и секој алпинист гледа со почит кон неа. Сепак поради лоши временски услови по завршувањето на аклиматизацијата - неколкудневни континуирани врнежи на град и снег, ја доведоа во прашање безбедноста на искачувањето на страната од лавински аспект, па поради тоа моравме да се задоволиме само со тоа што беше планирано како аклиматизација...

Како се одвиваше акцијата: Поради тоа што насоката излегува на таква височина, првите неколку дена ги посветивме на аклиматизација - направивме искачување по нормалната насока на Монт Блан ду Такул (4248м), а потоа искачување на две алпинистички насоки во тој регион - на Триаголникот на Северната страна на ду Такул ја искачивме насоката Left Edge (AD) - црвената линија, а на врвот Ејги ду Миди (3842м) ја искачивме насоката Cosmiques Ridge (PD+). По овие искачувања кои се одвиваа со прекрасно темпо и по кои планиравме „уште само“ да се качиме на Монт Блан преку таканаречената пречка (патека која поминува преку гребените на ду Такул и Монт Маудит - патека со висинска разлика од околу 1300 метри и воздушна линија од околу 3 километри), следуваа неколку дена со многу лоши временски услови кои ја нарушија безбедноста на движењето на планината - Бренва веднаш отпадна како цел по што Борче и Бојан најпрвин ја поминаа пречката до Монт Блан, а потоа направија искачување на насоката North Couloir (AD-) - на Триаголникот на ду Такул - сината линија ...

Детали:

Северо-западната страна (PD-) и насоката Left Edge (AD) на Монт Блан ду Такул (4248м), и насоката Cosmiques Ridge (PD+) на врвот Ејги ду Миди (3842м)... Повеќе

Борче и Бојан ја поминаа пречката на Монт Блан (4810м) (и ја искачија насоката North Couloir (AD-) на Триаголникот на ду Такул (4248м)... Повеќе

Подготовките:

ПатишкаИскачување на замрзнати водопади на Патишка Река

Кампот го поставивме на 5 минути пешачење од мразевите, засолнети од блиската шума поради тоа што местото каде се наоѓаат овие замрзнати водопади е како инка преку која од околните падини...

Dry toolingDry-tooling на Водно и Матка

Dry - tooling е начин на качување на карпа со употреба на дерези и цепини – средства кои се употребуваат за качување на снег или мраз. Зошто тогаш по карпа со нив?...

По покана на Федерацијата на Бугарските Алпинистички Клубови, на меѓународниот алпинистички собир во локалитетот Скакавица со свои претставници учествуваше и Македонската Алпинистичка Асоцијација...

На сува карпаНа карпа

Откако заврши сезоната за качување на замрзнати водопади „се фрливме“ на качување на сува карпа. Во овие изминати 3-4 викенди досега (од почетокот на Март) бевме само на карпите и насоките на Матка...

Членови на екипата:

Игор Талевски

Весна Талевска

Борче Манев

Бојан Митковски

 

(Фотографиите се сликани на Матка на насоките „Матка, Лева Варијанта“, „Четири Клина“ и „Циго“)

Copyright © 2005 Alpinizam.org