Колку чинеше патувањето?
Овде се пресметани само цените за пат - бензин и патарини и сместување во кампови во Љубљана и Шамони.
Цените се пресметани во двата правци.
Бензин:
Патувавме со Fiat Doblo и за целото патување 6 пати го полневме резервоарот (од 60 литри) при што никогаш не чекавме целосно да се испразни и во просек се ставаше по 50-55 литри. На крај математиката кажа околу 340 Евра.
Патарини:
во Македонија - 170 денари, во Србија околу 45 Евра, во Хрватска околу 30 Евра, во Словенија околу 15 Евра и во Италија околу 130 Евра. Вкупно околу 220 Евра. Напомена: најдобро е при влез во Србија и Хрватска да се сменат на граница динари и куни бидејќи така е подобро. Само за минување на тунелот под Монт Блан во двата правци се плаќа 63Евра - ако некој знае, може има сила по толкав пат да се вртка лево-десно и да го заобиколи тој дел (од 11 километри) веројатно ќе помине поевтино...
Сместување:
Во Љубљана се сместивме во кампот во Јежице - 52Евра беше за 4 луѓе во 2 шатори од ноќ. Во цената е вклучен бесплатен (а скап) билет за базенот веднаш до кампот - кој не бил не може да си замисли колку тоа навистина вреди.
Во Шамони три години по ред се сместуваме во кампот Les Arolles - иста цена како Љубљана плус автомобил. Кампот е најевтин, секогаш најмногу алпинисти има во него, на само 5-10 минути е од жичарата, исто толку од центарот на градот... Искрено го препорачувам секому
Жичара:
Тоа е единствен начин како да се однесете на Белата Долина со огромни раници. Во два правци билет за возрасни чинеше 36 Евра.
Овие работи заедно не чинеа околу 900Евра.
Покрај тоа тука има уште - зелен картон за возило, касети и картички (филмови) за камери, лекови, храна, докомплетирање на опрема (наскоро цени на опрема во Љубљана и Шамони) и друго...
Огромна благодарност до нашите спонзори - Automobile Sk - FIAT, Професионалната Служба за Спасување „Нова Алијанса“ и Алпинистичкото Друштво „Матка“ кои на свој начин ни помогнаа во реализирањето на оваа акција.
Огромна благодарност од целата екипа!!! |