Насоките кои ги качивме (кликни за опис и скица):

- Северо западна страна на Монт Блан ду Такул (4248m) PD-

- Гребен Космик PD+

- Северен Кулоар AD-

- Лев Раб AD

 

Медиумски Покровители

 

 

Спонзори

Дома

South-south-west (Cosmiques) Ridge (PD+)

Опис (од книгата Mont Blanc Massif Vol. 1 - од Lindsay Griffin):

Први качувачи: G и M Finch на 29-ти Август 1911г.

Прекрасна насока и добар вовед во алпското микс качување. Најдобро е да се отиде рано наутро со цел да се избегне гужвата која се создава подоцна... Иако многу безбедна и кратка, техничките тежини се високи за општата оцена.

Приод: Од домот Абри Симонд следете го гребенот минувајќи во десно и под првиот врв. Следете го гребенот и продолжете до вториот помал врв каде по малку чудно качување ќе дојдете до пукнатина / праз-нина по која или треба да се симнете или да абзелувате 20 метри. По ова повторно заобиколувајќи од десно преку еден камин (III+) ќе дојдете до платформа и краток заснежен дел. Продолжете до вториот жандарм и или заобиколете го од десно по снегот или од лева страна поминете низ пукнатина која ја разделува кулата и симнете се на заснежениот гребен од другата страна. Последниот дел е краток ѕид (IV или користетете ги поставените скалички во пукнатината од десна страна) преку кој се стигнува на платформа. Заобиколете од овде во лево и влезете во камин (III) преку кој ќе стигнете до заснеженото рамо, а од таму преку поставени метални скали до набљудувачката платформа - помеѓу туристите...

Висинската разлика на насоката е околу 260 метри и потребни се околу 2 1/2 - 3 часа за нејзино поминување.

Наш коментар: времето потребно за минување на насоката дадено во овој водич важи само ако се качува паралелно и по можност со поставување минимум обезбедување (или воопшто) и без сидришта... Ова важи за СИТЕ насоки во овој водич - затоа не се потпирајте на тие времиња туку едноставно изберете тежина која ви одговара и во зависност од должината на насоката бидете подготвени да качувате пола ден, цел ден или со бивак/биваци...

Членови на екипата:

Игор Талевски

Весна Талевска

Борче Манев

Бојан Митковски

 

(Фотографиите се сликани на Скакавица -Р. Бугарија)

 

 

Copyright © 2005 Alpinizam.org