Северо-западната страна (PD-) на Монт Блан ду Такул
Опис (од книгата Mont Blanc Massif Vol. 1 - од Lindsay Griffin):
Први качувачи: еден или повеќе членови од групата на Хадсон/Кенеди на 8-ми Август 1855 година
Ова е нормалната насока која во добри услови е доста директна и претставува одличен вовед во алпското качување во снег. Сепак може да биде многу лавински опасна, а во зимски услови често кревасите се покриени/сокриени од наноси на снег. Можно е исто така да треба да се поминат и неколку долги и широки креваси...
Приод: Од седлото ду Миди движете се кон десно по северо-западната страна избегнувајќи мали сераци и креваси до рамното рамо на почетокот на западниот гребен. Следете го гребенот кој е со мал агол до карпестиот врв. 700 метри висинска разлика: 2 1/2 - 3 часа за качување и 1 1/2 час за симнување.
Наш коментар: Патеката до овој врв во секое време е добро истапкана и не претставува никаква потешкотија за било кој со добра физичка кондиција (и основно познавање за техничко качување на мраз, обебзедување и минување креваси) да стигне до врвот. Карпестиот дел што се споменува е малку потежок и на моменти експониран и тука треба да се внимава - лесно е да се качите, но треба да се сетите дека по истиот пат треба и да се симнете. Оваа патека се користи за аклиматизација, претставува дел од пречката до Монт Блан (делот до гребенот - без да се стигне до врвот) и е патека за симнување од потешките насоки... |