North Couloir (AD-)
Тоа е насока која се наоѓа на Триаголникот на Северната страна на Монт Блан ду Такул (4248м).
Опис (од книгата Mont Blanc Massif Vol. 1 - од Lindsay Griffin):
Први качувачи: P Labrume, J Martin и M Negri со A Contamine на 5-ти Август 1962 година
Прво зимско искачување: E Barbeto, M Barbeto, A Bonomi и L Ratto на 12-ти Февруари 1967 година
Се качува во кулоарот директно помеѓу Висечкиот Глечер (AD-) и левиот раб на карпестиот триаголник. 350м
Генерален опис на страната: Одлични искачувања на мраз и микс терен со брз пристап од Миди станицата (1/2 час), одличен поглед и релаксирана атмосфера со лесно симнување - тоа ја прави оваа страна екстремно популарна и во лето и во зима. Лесно се продолжува по северниот гребен до врвот на Монт Блан ду Такул за околу 1 час, но повеќето наврски пречат нагоре и во десно за да дојдат до нормалната насока - Северо-западната страна (PD-). Во зимски услови или кога пречењето е опасно се практикува абзелување по западните делови по заснежените падини на северозападната страна. Сите насоки може да бидат завршени за 3 часа.
|