Медиумски Покровители

 

 

 

Спонзори

Дома
Бренва

Dry - tooling на Водно и Матка

со цепин на сува карпаDry - tooling е начин на качување на карпа со употреба на дерези и цепини – средства кои се употребуваат за качување на снег или мраз. Зошто тогаш по карпа со нив?

БојанНа големи насоки во високи планини, каква што е и нашето планирано искачување на Источната Страна на Монт Блан – Бренва, во насоката (патеката на движење), очекуваме да сретнеме и карпа и снег и мраз. Таква насока се вика „микс“ насока и таквите насоки претставуваат сериозни искачувања - поради тоа што алпинистот треба да знае да поминува технички проблеми на секаков терен и да знае добро да качува и со своите цепини и дерези и на карпа. Зошто? Поради тоа што понекогаш условите се такви да на пример во стотина метри снег/мраз има делови од по 5-6 метри кои се само карпа... Наместо да се губи време да се вадат дерезите за такви кратки сегменти, треба да се знае да се помине било каков технички проблем на карпа со дерезите на чевлите...

Затоа ваквите тренинзи, ( dry - tooling преведено отприлика би значело – „употреба на алатки на сува карпа“) се многу важни за секој „комплетен“ алпинист.

За нас Матка е совршено место за било какво качување поради тоа што е многу блиску до Скопје, а исто така тука е и Водно... На Матка качуваме на било кое вежбалиште или по некоја од насоките на големата карпа од спротивната страна на езерото. Игор на ВодноНа Водно пак има една мала карпа која се наоѓа на 5 минути пешачење од врвот по патеката кон Матка...

На оваа карпа се прави т.н. „болдеринг“. Уште еден специфичен термин - тоа наједноставно се дефинира вака – „движење лево-десно по карпата“. Тоа е мала карпа (не е повисока од 4-5 метри) на која се вежба сила и прецизност при изведувањето на одредени движења, а е добра комбинација со кондиционен тренинг - пешачењето до врвот...

Dry - tooling -от многу се разликува од обичното качување. Тогаш имате директен допир со карпата - со рацете, а исто така преку чевлите за качување со нозете. Овде, кога се користат шилците на дерезите и цепините, некако како да немате директен контакт со карпата и тоа е - чудно. Но се навикнувате. При ваков вид на качување на релјефот на карпата гледате сосема поинаку – сега предните шилци на дерезите можете да ги ставите внатре во некоја пукнатина и тоа сé е некако „ново“ поради тоа Веснашто со патики едноставно не може така да направите. На карпата барате поинакви опции за напредување. Исто така понекогаш шилците на дерезите, а и цепините ги поставувате на малецки испакнатини, кои со чевли или патики за качување би ги поминале многу брзо, но сега сето тоа бара многу тренинг, поинакво чувство на рамнотежа и координација на телото за поголема самодоверба и успешно качување.

Луѓето кои немаат никакво познавање за качувањето, обично знаат да кажат дека со дерезите и цепините ни е полесно и сл. Веројатно поради тоа што гледаат застрашувачки остри метални шилци под чевлите и ладно оружје во нашите раце во „индијански“ стил и мислат дека сега кога ќе влеземе во карпата, ќе ја испомаваме, ќе ја искршиме, ќе можеме да си направиме скалички по неа...Толку погрешно!!! Целиот тој метал, всушност во голема мера го комплицира напредувањето по карпа и самото качување го прави уште посуптилно.

Членови на екипата:

Игор Талевски

Весна Талевска

Борче Манев

Бојан Митковски

 

(Фотографиите се сликани на Матка)

Copyright © 2005 Alpinizam.org