Медиумски Покровители

 

 

Спонзори

Дома
Бренва

Замрзнати водопади на Патишка Река

БорчеНа само 40-тина километри од центарот на Скопје се наоѓа прекрасното село Патишка Река (по патот од Марков Манастир кон Козјак уште 2-3 кривини и има знак за одвојување во лево). Од таму пак на само 2-3 часа пешачење во зависност од длабочината на снежната покривка и тежината на раниците, се наоѓаат прекрасни замрзнати водопади. Одлична шанса за специфичен тренинг за искачување на стрмен и вертикален мраз поради тоа што нели таква е нашата цел – мешана насока со карпа, снег и мраз...

БојанОвие замрзнати водопади најпрвин ги посетивме некаде при крајот на Декември. И тогаш имаше можности за качување, но сега веќе беа многу подобри – пообемни. Тоа и го претпоставувавме и сега планиравме да останеме четири дена. Во групата која се подготвува за Алпи – јас, Весна, Борче и Бојан ни се приклучи и Крунослав Аџиевски-Круно, член на Алпинистичко Друштво „Матка“ од Скопје кој беше и официјален камерман на оваа подготвителна акција – што во многу студено време е херојство поради тоа што во секој момент требаше да ги извади ракавиците за да снима...

Кампот го поставивме на 5 минути пешачење од мразевите, засолнети од блиската шума поради тоа што местото каде се наоѓаат овие замрзнати водопади е како инка преку која од околните падини често паѓаат помали или поголеми лавини.

шаториПрвиот ден едноставно само го поставивме кампот и отидовме да го пробаме мразот – не може да се контролира ентузијазмот. Малку врнеше снег, но Борче беше упорен во тоа дека на вести кажале „денес облачно, а утро и задутре сончево...“ Добро, денес тука врнеше снег, а утре и задутре сепак само ќе можеме да ја гледаме светло сината боја на небото и да ги посакувме сончевите зраци кои ќе ги гледаме на околните падини – поради тоа што овде сонце не фаќа...

Утредента поставивме јаже на вежбалиштето високо околу 30-тина метри, но заедно со Бојан и Борче сега направивме поинаков пристап до сидриштето од досега користениот, кој сам по себе беше како качување на нова насока. Јас прв пат качував на тоа вежбалиште и многу ми се допадна. На моменти мразот беше совршен – со еден Веснаудар од цепините и дерезите се напредуваше брзо, а потоа стануваше многу цврст (со карактеристична светло сина боја) и беа потребни по неколку удари (заморно...) за да се добие доволно цврсто и сигурно поставување. Добро се забавуваме иако беше многу ладно и болката во рацете после секое качување ни предизвикуваше болка во секој дел од телото. Но само по 30-тина секунди сé се средуваше и продолжувавме да се занимаваме со мразот додека некој друг качуваше по вежбалиштето.

Вечерта кај шаторите видовме дека останавме без плин... Јас и Весна имаме примус кој функционира на плин и на бензин, но поради тоа што таква боца нема каде да се купи во Македонија, ставивме безоловен бензин на една од бензиските во Скопје (се менува дозната – има посебна ако се употребува плин, а друга ако се употребува бензин). Поради чистотата на бензинот кој се служи кај нас дозната ни се затна после само две користења на примусот и беше неупотреблив. Останавме само на еден примус од оние малите – (ги има во секоја канцеларија за приготвување кафе) тој пак исто така стана нефункционален. Имавме три боци за него и сите три – истекоа. Пиењето течности е многу важно и поради тоа решивме да останеме уште еден ден и да си одиме...

насоката „Бонбона“Утредента ги спакувавме шаторите и раниците и отидовме на мразевите. Тој ден сакавме да правиме првенствени (нови) насоки... Јас и Весна сакавме да пробаме една подолга која ја меркавме претходните денови и поради тоа Борче и Бојан немаа доволно материјал за да почнат и тие некоја нова насока, но многу колегијално се согласија да нé следат нас кога ние ќе ја поминеме таа насока... Насоката е со должина од околу 20-тина метри и 3/4 е вертикален мраз со „незгодно“ пречење во горниот дел. Кога Весна дојде до мене, се симнавме по делот од каде претходниот ден го поставивме јажето на вежбалиштето. Потоа насоката ја качија Бојан, Борче и Круно. Требаше тој ден порано да си одиме поради тоа што не чекаше пешачење до селото и имаше доволно време уште само да потренираме падови – поточно на најстрмната падина со замрзнат/цврст снег се фрлавме на секаков можен начин и лизгајќи се надолу се обидувавме со цепините да го запреме падот. Можеби изгледа само како детска забава (но и е забавно!!!), сепак тоа е многу важно да се знае.

Игор на „Бонбона“После тоа едноставно се симнавме до шаторите, ја собравме опремата во раниците и тргнавме кон селото...

При подготвувањето на опремата ги прашав момците: „Како ви се допадна новата насока момци...?“

Борче одговори:„Бонбона“

Така и се вика оваа нова насока – „Бонбона“. Така и си поминавме тие три дена и покрај „проблемите во кујната“.

Членови на екипата:

Игор и Весна Талевски

Борче Манев

Бојан Митковски

 

(Фотографиите се сликани на мразевите на Патишка Река и Скакавица (Р. Бугарија))

 

 

Copyright © 2005 Alpinizam.org