Насоките кои ги качивме (кликни за опис и скица):
- Северо западна страна на Монт Блан ду Такул (4248m) PD-
- Гребен Космик PD+
- Северен Кулоар AD-
- Лев Раб AD
|
Монт Блан и „Северен Кулоар“ на Ду Такул
-текст од Борче Манев
09.07.2006 Недела – Искачување на Монт Блан (4810м)
После неколку дена преседени во шатор конечно сонце. Добрата прогноза за наредниот ден само ги потврди нашите планови. Станавме во 1 часот по полноќ и бидејќи од претходно ги наполнивме термосите со чај не губевме многу време и во 2 часот тргнавме нагоре. Веќе беше формирана колона од светилки кои се качуваа на планината. Се движевме брзо и во 3:40 часот бевме на сртот на Ду Такул. Продолживме без застанување иако поголемиот дел од качувачите овде прават пауза. Пречката на Монт Маудит ја поминавме со по еден цепин помагајќи се со фиксно јаже поставено од водичите. Добро беше се до седлото Бренва каде почна да дува силен ветер. Од овде почнува искачувањето на самиот врв. Од ладно почнав да не ги чувствувам прстите на рацете и нозете. Чувствував и мачнина поради што застанував на секои десетина чекори. Бојан се чувствуваше подобро. На врвот се качивме во 7:30 часот. Поради силниот ветер не можевме да останеме долго – неколку минути, се напивме чај и тргнавме надолу. Бидејќи не носевме фотоапарат замоливме двајца Швајцарци да не фотографираат на врвот. Тие ни ги пратија фотографиите по e-mail . Изморени но задоволни од искачувањето во шаторот се вративме во 11:50 часот.
10.07.2006 Понделник – „Северен Кулоар“
Ова беше најубавиот ден од мојот престој на планината. Описот на насоката е многу краток – поминува помеѓу карпестиот дел од десно и висечкиот глечер од лево. Станавме рано и во 6:15 почнавме да качуваме. Скоро целата насока ја поминавме движејќи се паралелно, а сидришта правевме кога ќе снемавме опрема за обезбедување. Направивме само три сидришта. Најдубав дел од насоката е местото каде висечкиот глечер се спојува со карпата. И од ова искачување немаме фотографии бидејќи немавме апарат. Неплански излезе дека најубавото се чува за на крај. После насоката која ни причини најголемо задоволство слеговме во Шамони, а ни се остануваше уште.
|