Share

10 години Алпинизам.орг

-18.12.2015г., Игор и Весна Т.

На денешен ден, во 2005та година, чувствувајќи потреба да помогнеме во промоцијата на алпинизмот, почнавме да си објавуваме текстови за нашиот алпинизам и за нашиот начин на разбирање и живење на алпинизмот, преку сајтот кој го доби името „Алпинизам.орг“

Не бевме нешто посебно многу активни во пишувањето, но еве денес пребројувањето кажува дека сме објавиле околу 500 текстови на различни теми според нас важни за тоа што го работиме, а исто така може да си се потсетиме и на организацијата на презентации, планинскиот филмски фестивал Ехо, превод (и по некоја објава) на книги итн. Во многу од овие активности, самите секако немаше да можеме да успееме, ако немавме несебична поддршка од блиски пријатели на кои сме им неизмерно благодарни!

Бевме среќни што токму на овој јубилеј, можевме да се дружиме со дел од членовите на Македонската Алпинистичка Федерација, која организираше настан со презентации за дел од нивните искачувања во изминатиот период, а некои од нив (види фото :)), не’ изненадија со торта во чест на роденденот на нашиот сајт :)

Ви благодариме на сите на пофалбите и критиките во изминатите 10 години – сите подеднакво инспиративни да продолжиме да работиме со иста енергија како и кога почнавме.
- Игор и Весна Талевски
:)


Подарок: торта со логото на Алпинизам.орг


А Планинскиот филмски фестивал „Ехо“ оваа година беше посебно успешен.
Фотка од моментот на прогласувањето на победниците од страната на жирито во преполната сала на Милениум.
Фала тим!!!


Copyright © Alpinizam.org