Текстови за дел од споменатите насоки:

- Борник;

- Козина;

- Отмарова насока;

 

 

Share

Македонски алпинистички великани - 11/12 мај 2013

-13.05.2013г. Игор Т.

Во вториот викенд од мај, Македонската Алпинистичка Федерација секоја година го организира традиционалниот алпинистички собир „Македонски алпинистички великани“. Генерално ова е собир во кој низ релаксирано дружење, програмата се сведува на качување на алпинистички насоки по слободен избор за поискусните, но и момент кога им се дава шанса на заинтересираните почетници, да го направат својот прв контакт со карпите на Матка.

Кога сме во можност со Весна присуствуваме на овој собир кој во изминатите години е инспиративен – привлекува најголем број на алпинисти на Матка во исто време и е убаво барем еднаш во годината да се биде во тој „метеж“ на овие карпи и да се бориш за насока :)

Поради најавите за нестабилни временски услови во периодот на одржување на овогодинешниот собир, најактивен беше првиот ден од викендот кога прогнозата беше подобра, па така во Саботата имаше и најмногу искачувања од членови на неколку клубови од Македонија.

Поради таквите прогнози со Весна го искористивме претходно Петокот, кога во ноќни услови си качувавме на „Отмар“, во Саботата качувавме на „Козина“ и на „Циго“, а тој ден јас со Антонија Сарделиќ бев и на „Борник“. Овој собир е убав момент со качување да им се оддаде признание и благодарност на сите алпинисти од претходните генерации за секој момент кој ни послужил како инспирација од нивните искачувања, акции и експедиции и го препорачувам да биде дел од календарот на секој алпинист од Македонија!

Ова е фотка „класика“ – постара, но наша омилена. Весна од „Циго“ ме чкрапнува мене како водам на „Козина“:

Copyright © Alpinizam.org