На оваа тема:

- Нешто како вовед;

- По некое возење во прва половина на 2015та;

- Во 2016, до јули



Koи модели на велосипеди беа наш избор во овие возења?

Игор:
Corratec SuperBow Fun 29"

Весна:
Corratec X-Vert Miss C 650B (27.5")



Што ни помага да се снаоѓаме во планините?


Sigma ROX 10.0 GPS



Планински велосипедизам

- 30.06.2015г., Игор Т.

По некое возење во прва половина на 2015та

1.
Оваа година до сега направивме фино размрдување со тоа точаците, а од тие возења кои малку повеќе не’ размрдаа ги издвојуваме следниве:

Богомила-Бистрица-Црешнево-Богомила (некои 20км за околу два и пол часа; април; малку калливо/воденесто, но убаво!):


Повеќе фотки од ова возење можете да погледнете во нашиот албум „Богомилско движење“ на нашиот Фејсбук профил преку линков овде >>>>

2.
Ајде да речеме дека со направените возења по Водно нема да се фалиме, но ова возење мора да го спомнеме, бидејќи ни се повторува на некои 10-15 години - време колку што ни е потребно да заборавиме колку е всушност лошо во еден дел од него (спуштањето кон Матка, барем за тоа какви возачи сме ние)!

Скопје-Д.Соње-Водно-Матка-Скопје (некои 35км за околу 4 часа - по прикажаната траса, исто така во април...)


3.
Попреку Водно - Скопска Црна Гора и до нејзе во текот на мајот една релакс тура:

Скопје - кон Рамно - Скопје (околу 60км за околу 5 часа)



Повеќе фотки од оваа тура можете да погледнете во нашиот албум „МТБ: Нерамно кон Рамно“ на нашиот Фејсбук профил, преку линкот овде >>>>


4.
Во средината на месецов, една фина релакс тура до планинскиот дом Караџица - и назад. До сега само 4 пати сум бил до овој дом, сите 4 пати со велосипед при што се’ до сега потоа продолжував до некое друго место: првиот пат до Велес, вториот до Богомила, а третиот пак и уште поголем круг преку Велес до Скопје... Овој пат релакс тура со Весна само до домот и назад.

Скопје - планински дом Караџица - Скопје (околу 95км за 7.5 часа)




Copyright © Alpinizam.org