На оваа тема:

- Нешто како вовед;

- По некое возење во прва половина на 2015та;

- Во 2016, до јули




Koи модели на велосипеди беа наш избор во овие возења?

Игор:
Corratec SuperBow Fun 29"

Весна:
Corratec X-Vert Miss C 650B (27.5")



Што ни помага да се снаоѓаме во планините?


Sigma ROX 10.0 GPS



Планински велосипедизам

- 11.10.2014г., Игор Т.

Нешто како вовед

Сакаме да уживаме во планините преку што повеќе различни активности. Планинскиот велосипедизам е секако една од нив, со тоа што како и со сите други кои не се нешто посебно поврзани со искачувања - не сме споделувале нешто многу информации околу тоа. А и разгледувајќи ги архивите, не сме биле нешто посебно ажурни ни околу зачувување на материјали од нашите возења. Ако од нашите алпинистички активности имаме фотографии уште од самиот почеток (од 1998мата година), од планинскиот велосипедизам имаме зачувано по некој материјал само од 2006-тата година. Како на пример овие фотографии од турата која ја правевме околу планинскиот дом Чеплес на Јакупица, под Солунска Глава во септември 2006-тата:


Сепак, инспирирани од Outdoor.mk, одлучивме да почнеме да бидеме малку поактивни и со споделување на информации и од ова поле на културен натпревар, па еве бидејќи мене ми се падна да бидам нешто повеќе активен оваа година со возењето на тоа точакот, на кратко ги претставувам дел од турите кои си ги извозев во последните 3 месеци, а кои ги мислев многу долго време...

Скопје/Драчево/п.д. Караџица/Г. Јаболчиште/Велес/Скопје (грубо: 160км/9часа):


Скопје/Седларево/Гостиварско/Желино/Скопје (грубо: 100км/5часа):



Св. Јоаким Осоговски/Кочани (грубо: 50км/3.5часа):


Хром (Скопје) - Рамно (Скопска Црна Гора) - Хром (грубо: 70км/4,5часа):

Copyright © Alpinizam.org