На оваа тема:

- Нешто како вовед;

- По некое возење во прва половина на 2015та;

- Во 2016, до јули



Koи модели на велосипеди беа наш избор во овие возења?

Игор:
Corratec SuperBow Fun 29"
и
Bianchi JAB 29.3 29" (за турата до Јасен)

Весна:
Corratec X-Vert Miss C 650B (27.5")



Што ни помага да се снаоѓаме во планините?


Sigma ROX 10.0 GPS



Планински велосипедизам

- 31.07.2016г., Игор Т.

По некое возење во прва половина на 2016та

Малку забушававме оваа година... Немавме многу возења, но и не може да се очекува нешто повеќе, кога скоро еден месец ќе се протегнуваш покрај базен или плажа во Малезија. Не може, а да не ти влијае тоа :D
Сепак, успевавме да направиме барем за нас интересни работи, а еве дел од нив:

1.
Маврови Анови-Кракорница-Ничпур-Маврови Анови (некои 53км за околу 4.5 часа; јули, малку летен дождец, но супер среќни што поминавме низ неколку прекрасни села!):



(фото: село Бродец)

2.
Ајде да речеме дека со направените возења по Водно нема да се фалиме, но ова возење мора да го спомнеме: со оглед на тоа што сме во Карпош 2, за кратка тура од тој дел на градот, по ретко посетувани патеки на планинкава ни Водно, Ви препорачуваме следна опција:

Карпош-Горно Нерези (по земјен пат!)-Горни Крушопек-Карпош (некои 20км за околу 1.5 час)



3.
Скопје-Драчево-Јасен-Долно Соње-Водно-Скопје (околу 87км за околу 5 часа)
Турата требаше да биде подолга. Не требаше да се вратам преку Водно, туку да продолжам низ Јасен кон Здуње, Гургурница итн т.е. да успеам да направам круг со кој би дошол назад во Скопје преку Седларево... Но, секако низ Јасен не ме пуштија да поминам, бидејќи со велосипедот сум можел да одам каде сакам низ ова место кое го нема на мапите, иако покрај чуварот поминуваа возила без проблем (од кои секако луѓето не можат да излезат и да одат каде сакаат)... Како и да е - еден ден се надевам дека ќе успеам да го направам тој круг. Веројатно ќе треба да барам дозвола секако.


(фото: Скопје)

4.
Милијарда пати сме го возеле автопатот од Скопје до Велес. 3 милијарди пати! Никогаш не сме застанале попатно, да ги посетиме местата од кои се пристапува преку овој пат, а и се фино и означени: селца, цркви... Овој пат решивме да посетиме дел од нив: црквите Св. Богородица и Св. Јован и селото Ветерско.

пат-с. Ветерско-пат (околу 8км - не гледавме за колку време)


(фото: кон с. Ветерско)


(фото: Манастир Св. Богородица покрај река Пчиња)

Copyright © Alpinizam.org