На оваа тема:
- Јануарско турирање (јан/2017),
- Турно и БЦА ранци (јан/2016),
- Турно: дел од сезона 2014/2015 (прв дел);
- Турно: дел од сезона 2013/2014; |
Турно скијање - овие 2 месеци...
-25.02.2014г. Игор Т.
Прв пат за оваа игра во планините слушнав пред 14-15 години кога како тогашен член на АК Матка, таа активност полека стана составен дел од моите/нашите зимски бидувања во планините. Од кој знае кои причини, а јас најмногу играм на таа карта дека опремата била лоша - се откажав после 1-2 сезони: скијав со пластични чевли за алпинизам со број 47 и кусур (да, знам - со толку голема чевла не ми требале скии, шат ап!), со кои наводно не сум имал убава контрола при скијањето надолу, а и мислам дека крзната ми се искинаа па не можев да се снајдам со замена за нив во радиус од најмалку 250 километри од Скопје, што беше трагедија до пред некое време... Генерално, турно ски турите беа правени околу Попова Шапка (околу Бог да го прости планинскиот дом Јелак, Церепашина од југ, север и другите страни на светот) и Маврово (околу ски центарот). Така се сеќавам... Се сеќавам исто така дека сепак концептот на турно скијањето ми остана во срцето!
Планинарењето го почитувам ептен! Тоа е основата на алпинизмот. Веројатно. Но, не можам да го практикувам во гужва. Сакам да сум сам во планините – или евентуално со уште 1-2 луѓе макс. Одбрани - пошто сум многу пребирлив. Си правиме муабет... :) Турно скијањето е совршено да уживаш токму на тој начин. Да се закатаниш и да уживаш во нешто што ретко кој го посетува и воопшто некој го видел. Какви сцени има во планините во зимски услови на само 50-тина километри од Скопје – добро е што повеќе луѓе не знаат! Каква привилегија е да се биде таму и единствен звук да биде звукот на тишината... Неописливо!!!
Да се навратам на планинарењето... Летно време, мање-више. Јасно ми е, таму е планината и сето тоа – но не можам да го правам повеќе од еднаш во годината... Сакам да сум во поизразените вертикали, а не да одам по патеките. Си правам бајрам на паметот... Поинтересно ми е зимно време, бидејќи чувствувам дека има поголем предизвик. Но, се пропаѓа во тоа снегот. И не ми се пешачи кога се пропаѓа. Заморно е. Евентуално гребен да се фати некој оддуван од ветер – нема проблем, но вака по некоја страна каде што има повеќе снег – зошто? Се шалам! Во такви услови – почит!!! Пеким! А посебно кога ќе те дува ветер цел ден и кога ќе ти замрзне пола лице – од десната страна кога дува од север, а ти си тргнал кон Титов Врв... Топ! Посебно препорачливо за секој кој кога купува опрема вели дека не му требало нешто специјално – туку „нешто за нашите планини“...
Да се навратам на тоа дека не ми се допаѓа да пропаѓам во снегот... Минатата година си игравме со дрезги со Весна. Топ си поминавме. Во метар и кусур мек снег се пропаѓаше 10-тина сантиметри максимум и тоа ми е прифатливо! :)
Оваа година во асортиманот играчки си додадов турно скии – ем да не пропаѓам, ем побрзо да се вратам од таку каде што сум се качил. Нешто попрактично решение од дрезгите. Веројатно нема да завршам со желба да имам моторна санка или ратрак :) Мрза невидена! Се шалам, се шалам!
И така оваа година, „цели“ овие два месеци си правев многу убави тури. Уживање до бесвест! Весна не ми се придружи пошто и беше сон после 1 ден учење да борда - да се спушти од Антени на Шапка, па се насочи кон тој екстремен спорт. Следната година сигурно ќе ми се придружи. Можеби со сплит борд. Најголем број од турите ги правев со едно пријателче кое веќе ви е познато можеби: Метју Хачерсон, Американец кој во изминатите 2 години работи и живее во Македонија и со кого веќе имавме и други авантури: качување по некои карпи, држење презентации итн... А една тура ја направив и со Горан Рафајловски - кој во изминатите години многу често ми повторуваше: „турно ова, турно она, турно ваму, турно таму...“ и може потсвесно најмногу ми влијаеше да почнам повторно...
До моментов на пишување на овој текст веќе имам 10 дена зад мене на снег. И тоа какви! Кога ќе ми текне колку убави моменти имаше – дефинитивно искуство како за многу повеќе! Уживавме најмногу околу Попова Шапка, турирајќи кон Церепашина, Антени, Бакардан, спуштајќи се по некои кулоари и гребени, а во еден налет отидовме и до Кепи Бард во масивот на Кораб. Многу убави моменти: супер погледи и сцени, убав мек снег за скијање... Не жалам ни секунда што немам качувано на карпа воопшто овие 2 месеци. Воопшто!
Но веќе е време за тој нежен допир со тоа варовникот на Матка... Нежен допир... Дефинитивно морам да почнам да качувам :) Така што се надевам дека евентуално во не повеќе од 1-2-3-4-5 дена би бил среќен со било што на Матка, како најблиско решение од ова Скопјево после работа...
Турно скијање – закон! А и да – опремата сега е закон! К2 скиите – ноу комент! Препорачувам секому.
Outdoor.mk закон! :)
Дел од турите (замислете си ги обелени целосно планините):
|