Собири на МАФ по варовниците...
-26.05.2015г. Игор Т.
Како што пишував во текстот за Камена Баба пред околу еден месец, за изминатиот период Македонската Алпинистичка Федерација планираше 3 собири на најчесто посетуваните варовнички локалитети кај нас, Матка и Демир Капија и сите ги реализираше, а и ние „успеавме“ сите да ги посетиме :)
Додека Матка ни е „дома“ што се вели, на дофат од Скопје, за Демир Капија што да кажам - џенем онаму! :) 120 километри! Во еден правец! Секако дека ова не е оправдување, ако воопшто може да има оправдување, но на Демир Капија немавме отидено скоро година и пол. Срамота! Голема срамота! Овој пат инспирирани од МАФ, направивме две посети во само еден месец. Во текот на тие посети се држевме до повторување на 5 стари и нови „класики“ на овој локалитет и тоа значеше уживање во движењата по „Тулумба“, „Полжав“, „Б2“, „Гавран“ и „Блажева“.
Собирот на Матка пак се одржа традиционално во текот на вториот викенд од Мај. Овој пат овде се дружевме со дечињата од Меѓународното училиште QSI од Скопје, каде што неформално работиме во клубот веќе 5 години т.е. од неговиот почеток. Така оваа година и таму си славиме јубилејче кое ни е многу мило! Со дечињата се дружевме и радувавме по малиот и големиот камин во близината на црквичката Св. Никола
Прво фотка од Матка: Дечињата од QSI дел од меморијалот „Македонски алпинистички великани“
Споменатите класики погоре означени со бројки: 1) Б2, 2) Полжав, 3) Тулумба, 4) Гавран и 5) Блажева
Во рамките на првиот собир на Демир Капија годинава, помогнавме со поставување на кутија за запишување/следење на искачувањата во овој локалитет. Кутијата е поставена под (барем во моментов) најчесто користениот абзел за симнување од насоките...
За време на двата собири во Демир Капија дел од локалните качувачи, помогнати од членови на АК Плоча од Радовиш поставија нова сајла за пристап до насоките. При еден од нашите пристапи, забележавме дека и некој друг ја користи оваа сајла :)
Песочните плажи на Вардар - под карпите во Демир Капија
Нешто што е многу актуелно во овој период: тежок пат кон подобар живот. Имигранти пеш по пругата од Д. Капија кон Скопје...
|