|
Соло на Матка
- фотки од соло искачувањето на „4 Клина“ (IV+/V), - Игор Т. (05.02.2009г.)
Отприлика една недела после соло искачувањето на „Нина“ почувствував потреба истото да го направам и на „4 Клина“. Со таа техничка тежина, таа е една од моите најомилени насоки на Матка. Има прекрасни моменти во сите четири должини, а најмногу ми се допаѓаат пукнатините кои се појавуваат во превисестите делови во втората должина. Супер места за (безболно) заглавување на раката
и истегнување нагоре... Прекрасна насока! Еве неколку фотки од ова искуство (од првата и втората должина):
|