|
Meсечување
- 21.10.2013г., Игор Т.
Во средината на јуни минатата година, со Александар Зарапчиев поканивме пријатели и колеги качувачи и алпинисти (кој како си се чувствува) да ни се придружат во ноќно искачување на Матка. За најголемиот број од нас, ноќното качување секако дека не е нешто непознато, но сакавме да си направиме една група која со тек на време ќе си расте во број и сакавме да си направиме настан кој ќе биде одлична можност за тренинг и забава: групата привлекува луѓе кои никогаш до тогаш немале можност да качуваат во ноќни услови (т.е. ги инспирира и им помага тоа побрзо да го направат), а и често условите кога тој настан се случува се фини (пред се’ сето ова е за забава и ужување!) и се работи за лесна и релаксирана атмосфера.
До сега беа организирани 4 вакви групни искачувања, настанот уште во текот на првото по предлог на Методи Чилиманов си го доби името Месечување, а во текот на организирањето на последното – Александар ја предложи и следната нумера како химна:
По организирањето на 4-тото, оформена е и група на Фејсбук која ќе служи како една база за полесно организирање на следните Месечувања и во нејзе убаво си пишува:
„Месечување ви е група на момци и девојки кои сакаат да си качуваат на карпа под светлината на Mесечината! Да, да - It's a thing! И тоа веќе изминаа 4 Месечувања, а креирањето на групава на ФБ ќе ни овозможи уште повеќе да видиме колку сме и кои сме, полесно да се организираме за следното и да се зголемува бројот. До сега сите Месечувања беа организирани на Матка. Целта на Матка е на следното Месечување да има наврски на секоја насока, а уште да има и некоја наврска која ќе си чека ред! Вистинска приказна момци и девојки!
А целта е и Месечување да оди и на други локалитети, но отом-потом.
Затоа придружете се, споделувајте приказни и фотки, инспирирајте и подготвувајте се за следното - може да биде малку ладничко :)“
До сега таа статистика вели дека на Месечување учествувале 15 момци и девојки и биле искачени 8 различни насоки под тоа челните лампи. Ако сте со ФБ, придружете се, ќе најдете некои основни работи: фотки, статистики и слично и ако веќе сте во момент кога можете да качувате во ноќни услови, најдете свој партнер и придружете се на следното Месечување. Ако не сте со ФБ, оставете ни е-маил и ќе ве контактираме.
|