Динамика на качувањето (Основен начин како функционира качувањето)

Многу пати ни биле поставувани тие прашања – како качува првиот, како се обезбедува, како качува тој по него, како е тој обезбеден и слично... Па еве на кратко тоа како се изведува:

Да претпоставиме најпрвин дека се работи за наврска – тим од двјаца алпинисти: „тој што качува/води“ или „прв во наврската и „тој што обезбедува“ или „втор во наврската“.

"Тој што обезбедува" најпрвин се обезбедува себе за карпата/снегот/мразот и таа точка се вика сидриште. Потоа го става јажето кое оди кон „тој што води“ низ специјална алатка за обезбедување, која во случај на пад поради големо триење кое се создава низ неа од јажето, таа не дозволува тоа да продолжи да минува низ неа - го кочи.

Алатка за обезбедување"Тој што качува", на одредено растојание (во зависност од техничката тежина, теренот...) поставува точки на обезбедување кои се прават со различни средства: клинови, чокови, френдови, се употребуваат формите од карпата и сл... При качувањето преку карабинер го поставува јажето да минува низ тие точки. Во случај на пад тој би виснал на една од овие точки, а нема да продолжи да паѓа надолу поради тоа што тој што го обезбедува преку специјалната алатка не дозволува јажето да продолжи да се извлекува. Така се закочува падот.

разни начини за поставување точки на обезбедување

Причината поради која се обезбедува вториот или тој што обезбедува е тој да не биде повлечен нагоре кога би паднал неговиот партнер.

Точки на обезбедување и сидриштеКога ќе се приближи крајот на јажето, тој што качува прв - си прави сидриште. Се обезбедува себе, а потоа преку своја алатка за обезбедување го обезбедува вториот (тој што до тој момент го обезбедувал). Сега кога тој качува нагоре ги вади поставените точки за обезбедување и потоа „првиот“ ги користи за следната „должина“. Така се повторува целиот процес до крајот на насоката (алпинистичката патека)...

Тој што качува како втор во наврската поради тоа што е обезбедуван од неговиот партнер од горе, нема да доживее голем пад (скоро никаков) поради тоа што неговиот партнер го држи преку јажето секогаш цврсто затегнат од горе.

Тој што качува како прв може да доживее и големи падови. На пример ако се качил 2 метра над последната точка за обезбедување која ја поставил, неговиот пад би бил четири метри. Поради тоа тој што качува како прв треба секогаш да биде поискусен или доволно искусен тоа да го прави за да може да ги проценува сите овие работи подобро...

Можеби звучи малку комплицирано, но е многу едноставно. Полесно ќе разберете ако почнете да качувате, па придружете ни се...

-поставување на точки на обезбедување при качување. При пад алпинистот „ќе висне“ на последната поставена...

 

- алатка за обезбедување т.н. „плочка“. Кога се држи цврсто јажето со рака, поради прекршување (триење) тоа повеќе не излегува од другата страна и го држи алпинистот во случај на пад...

 

- сидриште: Весна прво себе се обезбеди, а потоа почна да го обезбедува партнерот кој доаѓа од долу. Ако тој падне, таа ќе го задржи него, а поради тоа што таа „е врзана“ за карпата, нема да биде повлечена надолу...

Copyright © Alpinizam.org