Контра фиксни точки за обезбедување - Норвешка
Како реакција на поставените експанзиони клинови (9 на сидришта, 5 во должините...) во насоките на мраз искачени во Норвешка од страна на качувачи меѓу кои и Роберт Жаспер, објавена е следната:
Официјална изјава на Норвешкиот Алпинистички Клуб - 10.03.2009г.
Во февруари оваа година, во Норвешка беа искачени двата веројатно најинспиративни и авантуристички мразеви во светот: “The Fosslimonster” (800м, WI6+, M8+) и “Into the wild” (900м, WI6 X). Овие мразеви беа искачени од тим од качувачи од разни земји, кои не ги почитуваа соодветните етички однесувања и норвешките стандарди за качување во добар стил.
Во Норвешка, алпинистичката заедница почитува код на етичко однесување кој се сведува на едноставното: „не оставај трага“. Неприфатливо е поставување на експанзиони клинови на сидришта на мразеви и други насоки, со цел да бидат полесни, побезбедни или поприфатливи. Истото се однесува и на делови во должините.
Норвешкиот Алпинистички Клуб смета дека значаен и составен дел од искачувањето на мразевите и карпите во планините е природното обезбедување. Се стремиме кон зачувување на потенцијалот за авантуристичко качување во норвешките планини за идните генерации на качувачи. Нашиот код на однесување и етика значи да ги чекаме добрите временски услови и да ги имаме потребните способности – наместо да поставуваме експанзиони клинови. Ова е единствениот начин да се обезбеди целосна и неизвалкана авантура за сите, а не само за првите качувачи.
Исто така, Норвешкиот Алпинистички Клуб смета дека е целосно неприфатливо качувачите да имаат право на избор на свој стил на качување и етика кога качуваат во Норвешка. Ова секако не е уникатен став кој се однесува само за Норвешка, туку истиот постои и во други земји, како на пример во Англија и Шкотска.
Норвешкиот Алпинистички Клуб ги поканува странските алпинисти во Норвешка, да дојдат и да го истражуваат овој Рај каде се наоѓаат некои од малкуте преостанати и навистина диви мразеви во светот. Сепак, веруваме дека сите ќе го следат овој код на етика.
Норвешка е една од последните останати места каде алпинистите посакуваат да ја откриваат магијата на природни линии, кои бараат целосен спектар на алпинистички квалитети. |