Контра фиксни точки за обезбедување - Ирска
Планинарскиот Совет на Ирска
Официјален став во однос на
Поставување на фиксни точки во Ирска при качувањето на карпа
Адресирано до:
- Сите планинарски клубови во Ирска;
- Сите институции кои одржуваат рекреативни / авантуристички курсеви во природа во Ирска;
- Сите планиски и крајбрежни спасувачки групи во Ирска.
На својата средба на 8-ми Октомври 1999 година, Планинарската Советодавна Група при Планинарскиот Совет на Ирска (ПСИ) дискутираше за проблемот со поставување на фиксни точки за обезбедување при качувањето на карпа во Ирска.
ПСИ во минатото во голема мера дискутираше на ова прашање и беше заклучено дека нема место за експанзиони клинови на традиционалните насоки во качувачките локалитети:
- Локалитетите за качување на карпа во Ирска се со ограничен капацитет,
- Употребата на експанзиони клинови како фиксни точки за спуштање или абзелување при вежби за спасителни акции се непосакувани. Во вистински случаи на спасителни акции, потребно е да се знае што побрзо да се постави квалитетно фиксно сидриште. Во случај на вежба истото може да се направи со безбедна употреба на модерна опрема за качување на карпа,
- Присуството на експанзиони клинови ќе го промени карактерот на качување каков што постои моментално во Ирска,
- Присуството на експанзиони клинови може да ги стави во искушение неискусните и недоволно свесните качувачи, да влезат во нешто за што не се доволно компетентни. Овој факт го поставува прашањето и околу одржувањето, употребливоста и безбедноста на поставените експанзиони клинови.
ПСИ помеѓу своите членови има голем број на експерти од областа на качувањето на карпа, а исто така има и блиска врска со центри кои вршат обука за качување на карпа и употреба на опрема за обезбедување. Ќе бидеме повеќе од среќни да понудиме совет за секоја заинтересирана група или агенција на која и е потребна обука за стекнување на соодветните знаења.
Истовремено, ја замолуваме секоја агенција, група или друга институција која поставила фиксни точки за обезбедување на било кој локалитет во Ирска, истите да ги отстрани. Оваа молба е направена со чувство за тоа што навистина им е потребно на сите поединци кои излегуваат во ирските локалитети – независно дали се работи за рекреативно или спортско ангажирање.
Фиксни точки во високите планини
Алпските планини се високо почитувани од страна на качувачите од целиот свет, поради уникатниот карактер на качување кои тие го нудат. Иницијативата некои од искачувањата во овие планини да се направат побезбедни и популарни е изместена и ќе отиде во друг правец. Како што популарните насоки ќе станат сé пофреквентни – така иницијаторите на ова прашање ќе почнат да размислуваат и за нешто повеќе.
ПСИ прифаќа дека постои долга традиција на користење на клинови за абзлеување во Алпите. Исто така на помала висина постојат голем број на насоки со висока техничка тежина кои се обезбедени со експанзиони клинови на кои алпинистите – аспиранти можат да се здобиваат со потребното искуство.
- Планините се изолирани и диви средини во кои мора да се зачува можноста во нив да се добие искуството да се биде во таква дива средина и да се истражува
- Луѓето кои качуваат – тоа го прават токму за да го доживеат тоа диво искуство и/или да избегаат од свет во кој доминира материјализмот,
- Луѓето кои качуваат во високите планини во Алпите прифаќаат дека се изложуваат на ризик и мора да се соочат со сето тоа со својата сопствена самодоверба, знаење, умешност и искуство.
- Присуството на експанзиони клинови во Алпите може да ги стави во искушение недоволно искусните и недоволно подготвените качувачи да влезат во високите планини – за кои е потребен поголем спектар на планинарски познавања со цел сé да биде побезбедно.
- ПСИ го признава правото на поединци да ги користат високите планини за финансиска добивка. Сепак во таа цел не смее да биде уништена можноста во планините да уживаат и луѓето кои едноставно сакаат да бидат во нив.
- ПСИ прифаќа дека планинската средина е во постојана промена, дека не е постојано безбедно место и со тоа смета дека треба да биде зачуван основниот материјал на природата на алпинизмот
Членовите на Комитетот при Ирската Алпинистичка Асоцијација не се согласуваат со реорганизирањето на било кои насоки во Алпите и чувствуваат дека УИАА треба да застане цврсто во заштита на овие области од ширењето на експанзионите клинови.
Препораките за употребата на експанзиони клинови дадени од планинарската комисија на УИАА се неприфатливи за Ирската Алпинистичка Асоцијација поради тоа што тие се контрадикторни со основниот материјал на природата на качувањето во дивите области. |