Аконкагва
- Текст напишан при крајот на 2005г.
Аконкагва е голема планина со многу различни насоки со различни технички тежини. Некои од нив се користат како нормални насоки од луѓе кои и не мора да имаат големо искуство за да стигнат до врвот, а некои насоки ги поминуваат само неколкумина. До Јужниот Врв (6930м) и Северниот Врв (6962м) може да се дојде на неколку начини:
Алпинистичките предизвици се наоѓаат на Јужната Страна на Аконкагва. Тука насоките се високи околу 2500 метри во височина и еве некои од нив:
1.„Сончева Линија“ – прв пат искачена во 1988 година од Славко Светичиќ и Милан Ромит. Таа го следи Јужниот гребен од Портило дел Саргенто Мас преку Пирамидал. Тежините се ED1, VII, A3, 2. Југословенска (Словенска) насока на Француската Насока– искачена во 1982 година од наврската Гантар/Подгорник/Подгорник/Рејц со тежини ED1/2, VI, A3 . Оди кон Јужниот Врв и може да биде качувана само рано наутро и доцна попладне, 3.Полска Варијанта – искачена во 1987 година – една од најтешките насоки, 4.Југословенска (Словенска) Варијанта – се приклучува во Француската Варијнта во големите кули. Искачена е во 1982 година од наврската Дисчак/Црнилогар/Скамперле/Светициќ и има тежини ED1, V+, 5.Француска Насока – првата насока на Јужната Страна искачена во 1954 година која го следи централниот столб. Можности за поставување висински логори на 4900, 5800, 6400 и 6700 метри надморска височина. Тежините се ED1, VI, a наврската е Бернардини/Дагори/Денис/Ласур/Парагот/Потер, 6.Долна Аргентинска Варијанта – влезот е подиректен од Француската Варијанта – искачена е во Февруари 1992 година, 7.Горна Аргентинска Варијанта – искачена во истиот период како Долната Варијанта, таа излегува од гребенот на Меснер, 8.Меснер Варијанта на Француската Насока – Од горниот глечер оди во лево на терен од 55 степени кон место помеѓу двата врва познато како Гуанако. Се поставуваат кампови на 5200 и 6100 мнв. Искачена во 1974 година и има тежинa ED1, 9.Јапонска Варијанта – Започнува од Француската Варијанта над горниот глечер. Оди кон Северниот Врв преку гребен од десната страна по лош карпест терен. Можности за кампови на 5200 и 6100 мнв, 10.„Руски Рулет“ – Се приклучува на Централната Насока, а минува низ сераците на долниот и средниот глечер. Искачена е во 1988 година од Ромих/Светициќ и има тежина ED1,11.Цeнтрална Насока (Фонруж/Шонбергер) Се приклучува на Француската Насока пред бариерата со сераци, а минува низ средниот глечер. Кампови на 6290, 6400 и 6800 мнв. Најлесна насока на Јужната Страна, но и најопасна во исто време поради лавини и одрони од горниот глечер. Тежината е D, a искачена е во 1966 година, 12.Француска Директ Страна – прв пат искачена во 1985 година, излегува од Централната Насока и оди по југоисточниот гребен. Се приклучува на Аргентинската Насока на висина од околу 6000 метри на горниот глечер. Тежините се ED1, V, а наврската е Шасањ/Дуфор/Равено/Валет, 13.Словенска насока – тоа е варијанта на насоката Пасич со мраз на стрмнина од 90степени и тежини од VI на карпа, 14.Аргентинска (Пасич) насока – искачена во 1966 година. Таа е најдолгата насока и една од најлесните на оваа страна. Постојат можности за камп на 4800, 5400, 6000 и 6400 мнв. Тежината е D, а наврската е Ајкс/Пелегрини
Некои од насоките на Источната страна на Аконкагва:
15. Југоисточниот Гребен – од Плаза Аргентина оди по глечерот Пасич и продолжува по Источниот Раб од каде се приклучува на насоката на Источниот глечер. Од Плаза Франција треба да се помине седлото Релинчос. Прв пат е помината во 1966 година од Хорак/Рокер/Сосе и има тежини AD, VI, 16. Аргентинска насока (или насока на Источниот глечер) – искачена во 1978 година го следи во целост Источниот глечер. Овде стрмнината на теренот не поминува повеќе од 50 степени и потоа продолжува по Источниот гребен. Овде карпата има лош квалитет – се издигнува 400 метри во височина и започнува со тежина од V+, 17.Полски глечер – овој глечер нема поголем агол од 40 степени, а денес од Нидо де Кондорес вообичаено се качува за 1 ден. Исто така мета е и за скијачите, 18.Полска варијанта – преку глечерот поминува низ сераците и оди кон Источниот гребен, 19.Директна Варијанта на Полската варијанта – искачена во 1961 година – го следи левиот крај на глечерот и има тежини како оригиналната насока, 20.Алтоарагонеса Варијанта – искачена во 1995 година – следи коридори кои излегуваат од Полскиот Глечер и имаат стрмнина од 75 степени и делови со тежина од IV+. На висина од околу 6500мнв се приклучува кон Директната Насока
Некои од насоките на Северната Страна на Аконкагва:
21.Грешен Полски Глечер 24.Северна страна – искачена во 1986 година
Некои од насоките на Северозападната страна на Аконкагва:
25.Нормалната насока на Аконкагва – ова е првата насока на Аконкагва која за прв пат била помината во 1897 година, 26.Директ – искачена во 1991 година. Од кампот Канада го следи северниот гребен на Западната Страна, 27.Насока на Водичите од Мендоза – искачена во 1991 година – оди во десно од Нормалната Насока и во лево од Југоисточниот раб. Можности за кампови на 5150 и 5750мнв
Некои од насоките на Западната Страна:
28.Западен раб, 30.Естебан Ескајола – искачена во 1991 година, 31.Југозападен Гребен – искачена во 1953 година, 32.Варијанта на Југозападен Гребен (Забалета варијанта)
Поглед кон Јужната Страна - дел од неа :)
Цените за дозвола за качување или трекинг на Аконкагва во сезоната 2005/2006:
Висока сезона: Од 15-ти Декември 2005 до 31-ви Јануари 2006 дозволата за качување (период од 20 дена) чини 330 УСД, за долг трекинг (7 дена) 60 УСД и за краток трекинг (3 дена) 40 УСД
Средна сезона: Од 1-ви Декември до 14-ти Декември 2005 година и од 1-ви Февруари до 20-ти Февруари 2006 година дозволата за качување (период од 20 дена) чини 220 УСД, за долг трекинг (7 дена) 50 УСД, а за краток трекинг (3 дена) 30 УСД.
Ниска сезона: Од 15-ти Ноември до 30-ти Ноември 2005 година и од 21-ви Февруари до 15-ти Март 2006 година дозволата за качување (период од 20 дена) чини 110 УСД, за долг трекинг (7 дена) 50 УСД, а за краток трекинг (3 дена) 20 УСД.
Казните за прекршување на траењето на периодот за качување од 20 дена и трекинг (7 или 3 дена) и висната за трекинг (не смее да надмине 4300мнв) се наплаќаат двојно од платениот износ.
Статистика за сезоната 2004/2005 година:
Бројот на луѓе кои влегле:
-за качување: 4206 луѓе
-за трекинг до базниот логор: 2284 луѓе (1753 од нив биле за краток трекинг, а 531 за долг трекинг)
Од нив 73.71% биле странци, а 26.29% Аргентинци. Најмногу луѓе имало од САД, а потоа од Германија и Англија.
Успехот на самостојните качувања преку Нормалната насока е 54.6%, а преку Полскиот Глечер 45.4%. Што се однесува до тимските искачувања – околу 60% од нив успеале да постават барем еден член на врвот.
Статистика за претходните години:
2003/2004
Број на луѓе (качување и трекинг) по месеци: Ноември – 430, Декември – 2036, Јануари – 2746, Февруари – 1567 и Март – 215. Вкупно - 6994 луѓе.
2002/2003
Ное. – 365, Дек. – 1414, Јан. – 2527, Фев. – 1082, Март – 0. Вкупно – 5388 луѓе.
2001/2002
Ное. – 355, Дек. – 1283, Јан. – 1836, Фев. – 936, Март – 157. Вкупно – 4567 луѓе.
2000/2001
Ное. – 264, Дек. – 1306, Јан. – 1941, Фев. – 800, Март – 43. Вкупно – 4354 луѓе.
|