Share

Блек Дајмонд со отповикување на дел од опремата
Повик за инспекција на опремата: дел од програмата на карабинери и најлонски гуртни!

- 07.02.2016г.

Отповикување на карабинери и комплети со цел да бидат проверени: за производи произведени во периодот помеѓу декември 2014та и јануари 2016та

Блек Дајмонд, компанија која во Македонија е претставувана од Outdoor.mk, заедно со Комисијата за безбедност на производите на САД, издадоа отповикување на производи со цел да бидат проверени: карабинери и комплети – поради нивни можни дефекти во вратичките, со што карабинерите не би биле правилно фукнционални.

Ова отповикување се однесува на карабинерите/комплетите кои на надворешната страна имаат втиснат код на производство со број помеѓу 4350 и 6018. Целосниот список на карабинери кои се опфатени со ова отповикување е претставен подолу.

Кај некои карабинери, осигурителните врски/оски (кај карабинерите со полна вратичка) и краевите на жиците (кај карабинерите со жичана вратичка), постои можност да не се целосно добро произведени, со што постои можност вратичките да се одвојат од карабинерот.

Исто така, кај некои карабинери со матица, матицата на навртување постои можност да не е добро составена/поставена и со тоа карабинерот да не функционира добро.

До сега нема известување за забележани незгоди, но во интерес на безбедноста на своите потрошувачи, Блек Дајмонд одлучи да направи волонтерско отповикување со што ќе се направи проверка/инспекција на опремата.

Ако поседувате карабинери/комплети кои спаѓаат во ова отповикување, Блек Дајмонд бара да се направи инспекција на производите според упатствата запишани подолу. Ако производот нема да ја помине инспекцијата, истиот повеќе не смее да се користи и треба да биде контактирана компанијата со цел истиот бесплатно да биде заменет.

Упатствата кои следуваат се однесуваат на карабинерите кои се опфатени со ова отповикување. Треба да биде проверено следното:
- За карабинери со целосни вратички: вратичките да бидат добро поставени,
- За карабинери со жичани вратички: краевите на жичата/вратичката да бидат правилно оформени,
- За карабинери со матица: вратичките и матиците да се добро составени и да функционираат правилно,
- Да има целосно затворање на вратичката, кога таа ќе биде ослободена од било која позиција.

Кои карабинери?

Отповикувањето се однесува за следните карабинери со жичани вратички:
1.Hotwire
  • Hotwire Carabiner - 210129
  • Hotwire 3pack - 381094
  • Hotwire Rackpack - 381067
  • Posiwire Quickdraw - 381014 / 381016 / 381081 / 381082
  • Posiwire Quickpack - 381074 / 381105 / 381106
  • Freewire Quickdraw - 381075 / 381076 / 381012 / 381013
  • Freewire Quickpack - 381101 / 381102
2. Neutrino
  • Neutrino Carabiner - 210230
  • Neutrino Rackpack - 381052
3. Ovalwire
  • Ovalwire Carabiner - 210076
  • Wired Hexcentric Set No. 4-10 - 220215
  • Stopper Set No. 4-13 - 225215
4. Oz
  • Oz Carabiner - 210134
5. Hoodwire
  • Hoodwire Carabiner - 210147

Со полни вратички

1. Positron
  • Positron Straight Gate Carabiner - 210153 / 210261
  • Positron Bent Gate Carabiner - 210154
  • Posiwire Quickdraw - 381014 / 381016 / 381081 / 381082
  • Posiwire Quickpack - 381074 / 381105 / 381106
  • Positron Quickdraw - 381077 / 381078 / 381044 / 381058
  • Positron Quickpack - 381070 / 381103 / 381104
2. "D"
  • Light D Carabiner - 210080
3. Oval
  • Oval Carabiner - 210075
  • Oval 3pack - 381097
4. Nitron

Со матици

1. Rocklock Screwgate
  • Rocklock Screwgate Carabiner - 210275
  • Big Air Package - 620081
  • Momentum Harness Package - 651066
  • Momentum DS Harness Combo - 651064
  • Primrose Harness Package - 651067
2. Vaporlock Screwgate
  • Vaporlock Screwgate Carabiner - 210277
3. Positron Screwgate
  • Positron Screwgate Carabiner - 210283 / 210271
  • Positron Screwgate 3pack - 381096
4. Nitron Screwgate
  • Nitron Screwgate Carabiner - 210274 / 210284
5. Mini Pear Biner Screwgate
  • Mini Pear Biner Screwgate - 210074
  • Big Air XP Package - 620083

Прв чекор во проверката
Најпрво треба да се провери кодот на производство, кој е втиснат од надворешната страна на најдолгата страна на карабинерот.

Ако кодот е број кој не е помеѓу бројките 4350 и 6018, или има вклучено и буква „А“, тогаш тој карабинер не треба да се врати во Блек Дајмонд.

Ако кодот е број кој е помеѓу бројките 4350 и 6018, или пак не е читлив, тогаш продолжете со следните чекори на проверка:

Проверка на жичан карабинер
Ако поседувате еден од наброените жичани карабинери и кодот на производство е помеѓу наведените бројки, тогаш превземете ги следните чекори.
Кај овие карабинери краевите на жицата се наоѓаат таму каде што вратичката е поврзана за телото на карабинерот.

    • Визуелно проверете дали краевите на жицата имаат задебелен крај или не. Проверете убаво од двете страни, за да се осигурате дека двата краја имаат „капа“.
    • Со прсти обидете се да ги одвоите жичките.



А) Ако краевите имаат оформена „капа“ и не можете да ја одвоите жицата од телото на карабинерот – карабинерот не треба да се врати во Блек Дајмонд.

Б) Ако краевите немаат оформена „капа“ или можете да ја одвоите жицата од телото на карабинерот – овој карабинер не смее повеќе да се користи и треба да се врати во Блек Дајмонд.

Проверка на карабинер со полна вратичка
Ако поседувате еден од наброените карабинери со полна вратичка и кодот на производство е
помеѓу наведените бројки, тогаш превземете ги следните чекори.

Чекор 1:

На сите карабинери со полна вратичка, на краевите на вратичката има оска за поврзување со телото. На моделите Oval и Light D, постои уште една оска, која е во „носот“ на вратичката.


А) Ако краевите на овие оски се рамни и немаат „капа“ – карабинерот повеќе не смее да се користи и треба да се врати во Блек Дајмонд.

Б) Ако сите краеви се заоблени (имаат „капа“), треба да се пристапки кон

Чекор 2:
Вратичките на карабинерите треба целосно да се затворат кога ќе бидат ослободени од било која позиција.
Внимателно отворете ја вратичката со палецот – неколку пати од различни агли.




А) Ако вратичката слободно се отвора и затвора – карабинерот не треба да се врати во Блек Дајмонд.
Б) Ако вратичката заглавува на носот – карабинерот повеќе не смее да се користи и треба да се врати во Блек Дајмонд.


Проверка на карабинер со матица
Ако поседувате еден од наброените карабинери со матица и кодот на производство е
помеѓу наведените бројки, тогаш превземете ги следните чекори.

Кај карабинерите со матица, на крајот на вратичката има оска за поврзување на вратичката со телото на карабинерот, а механизмот за затворање се состои од матица и два прстени за ограничување – сместени на вратичката.

Чекор 1
Визуелно проверете дали на двата краја на оската има заоблено задебелување. Погледнете внимателно дека ова задебелување го има од двете страни на карабинерот.

А) Ако барем еден од краевите е рамен – повеќе не го користете карабинерот и вратете го во Блек Дајмонд.
Б) Ако двата краја се заоблени – продолжете кон


Чекор 2
Внимателно отворете ја вратичката со палецот – неколку пати од различни агли.



А) Ако вратичката заглавува на носот – карабинерот повеќе не смее да се користи и треба да се врати во Блек Дајмонд.
Б) Ако вратичката слободно се отвора и затвора – продолжете кон


Чекор 3
Визуелно проверете ја матицата – која е на навртување. Подебелиот крај треба да биде поставен да гледа кон носот, а потенкиот крај кон крајот каде што вратичката е поврзана со телото на карабинерот.


А) Ако ориентацијата/поставеноста на матицата/механизмот за навртување не е добра = карабинерот не смее да се користи и треба да се врати во Блек Дајмонд.
Б) Ако ориентацијата е добра – продолжете кон


Чекор 4
Визуелно проверете ја позицијата на прстените кои служат за ограничување на матицата. Проверете внимателно дали има по еден прстен од двете страни на матицата и дека тие прстени се цврсто поставени.

А) Ако нема толку прстени или некој од нив е погрешно поставен – карабинерот не смее да се користи повеќе и треба да се врати во Блек Дајмонд.
Б) Ако двата прстени се добро поставени – продолжете кон


Чекор 5
Визуелно проверте ја позицијата на матицата кога таа е затворена/навртена до крај. Таа треба да покрива дел од носот – најмалку колку што е покажано на овие фотографии:

А) Ако матицата не покрива соодветен дел од носот – карабинерот не смее повеќе да се користи и треба да се врати во Блек Дајмонд.
Б) Ако матицата покрива соодветен дел од носот – карабинерот не треба да се врати во Блек Дајмонд.

Враќање
Ако некој од карабинерите/комплетите не ја помине проверката како што е наведено погоре, следете ги следните чекори за негово/нивно враќање во Блек Дајмонд со цел да се добие замена:
1.Веднаш да се престане користење на тој карабинер/комплет.
2.Поднесете барање за отповикување преку овој линк >>>>
3.Запишете го бројот на тоа барање. Претставник на Блек Дајмонд ќе ве контактира во период од два дена со овие информации:
-Авторизациски број за поврат,
-Адреса за враќање,
-Декларација за бесплатно враќање.
4.Вашиот карабинер вратете го во Блек Дајмонд.
5.Блек Дајмонд ќе ви испрати нов карабинер.

Ако вашата опрема е купена во Outdoor.mk, оваа постапка може да се изведе со нивна поддршка.

*********

Отповикување на најлонски гуртни со цел да бидат проверени

Блек Дајмонд, компанија која во Македонија е претставувана од Outdoor.mk, заедно со Комисијата за безбедност на производите на САД, издадоа отповикување на производи со цел да бидат проверени: најлонски гуртни со ширина од 18мм и должина од 60цм (стил број 380060) и најлонски гуртни со ширина од 18мм и должина од 120цм (стил број 380061) поради постоење можност гуртните да не бидат исправни.

Ова отповикување се однесува на најлонските гуртни кои го имаат производствениот код 2014 и 2015, кој може да се види на сошиената црна текстилна етикета на гуртната.

Отповикувањето се должи на тоа што беа откриени најлонски гуртни на кои имало поставена „маскирна лента“ и кои не смеат да бидат оптоворени со тежина.

До сега нема известување за забележани незгоди, но во интерес на безбедноста на своите потрошувачи, Блек Дајмонд одлучи да направи волонтерско отповикување, со што ќе се направи проверка/инспекција на опремата.

Кои гуртни се опфатени со ова отповикување?

-Најлонска гуртна 18мм/60цм со код 2014 или 2015 (стил 380060)
-Најлонска гуртна 18мм/120цм со код 2014 или 2015 (стил 380061)
Во кои бои: црвена, сина, златна, зелена, сива и виолетова.
СЕ ознака: СЕ033, видливо на сошиетната етикета
Производствен код: 2014 или 2015, видливо на сошиената етикета

Погледнете како изгледа сошиената етикета на гуртната подолу и кои информации ги има на нејзе.



Ако вашата гуртна спаѓа во ова набројување, тогаш направете ја следнава проверка:


1) Ако по целата должина на гуртната нема никаква залепена „маска“/лента – тогаш гуртната е во ред и не треба да се врати во Блек Дајмонд
2) Ако гуртната некаде има залепена „маска“/лента – тогаш гуртната не смее повеќе да се употребува и треба да се врати во Блек Дајмонд.

Враќање
1.Веднаш да се престане со користење на таа гуртна.
2.Поднесете барање за отповикување преку овој линк >>>>
3.Запишете го бројот на тоа барање. Претставник на Блек Дајмонд ќе ве контактира во период од два дена со овие информации:
-Авторизациски број за поврат,
-Адреса за враќање,
-Декларација за бесплатно враќање.
4.Вашата гуртна вратете ја во Блек Дајмонд.
5.Блек Дајмонд ќе ви испрати нова гуртна.

Ако вашата опрема е купена во Outdoor.mk, оваа постапка може да се изведе со нивна поддршка.

Copyright © Alpinizam.org