Детали:
Природни материјали кои му одговараат на стопалото. Дишечки мембрани кои обезбедуваат комфорно чувство во текот на целиот ден - на работа, но и во слободното време...
Специјален вибрам „Сити“ ѓон кој е мек, со спортски игзлед и чисти линии. Идеален за пешачење по разни типови рамни површини - камен, дрво, асфалт... Иновативен ЕВА меѓуѓон кој ги амортизира вибрациите при движењето...
|
|
Алпина - Циклон
-16.08.2010г., Весна Т.
„Поради тоа што не е мудро да се освои било која метропола бос, ова е следната најприродна опција. Надворешнaтa кожа е водоотпорна и дишечка мембрана. Покрај тоа, природните материјали и исклучително мекиот ѓон обезбедуваат оптимална амортизирачка бариера и идеален почеток за часови и часови на одење...„
На овој начин Алпина кратко ги претставува своите чевли од линијата „Сити актив“. Градски чевли за активни луѓе. Тоа звучи едноставно, но пробувајќи го моделот Циклон се уверив дека кога тоа доаѓа од овој реномиран словенечки производител тоа не се само празни зборови.
Презадоволни со Игор од неколкуте модели на Алпина за трекинг кои до сега имавме можност да ги пробаме, се одлучив чевлите кои ми беа потребни за секојдневна активност „низ град“ или на работа повторно да ги одберам токму од нивната палета.
И овој модел како и поголем број други има и женски крој. Од машките секако покрај изработката која треба да одговори на посебноста на женската нога и стопало, тој се разликува и во бојата. Додека машкиот модел е малку потемен и има сина и сива нијанса, женскиот е посветол и има жолтеникаво креместа – беж боја.
Овој модел го носам подолго време и бев среќна што имав толку лесна чевла која ме заштитуваше при последните „освојувања“ на Љубљана и Кортина Дампецо при последното патување во Доломитите. Никогаш не знаеш во овој период од годината кога ќе паднат познатите поројни летни дождови, но многу не се грижев околу тоа поради тоа што овие чевли веќе се покажаа како такви добри заштитници и во Скопје при едно враќање од работа со велосипед... :)
Одличната комбинација на мек Вибрам ѓон, амортизирачки ЕВА меѓуѓон, кожа од 1,6мм и Алпитекс како заштитна мембрана дава убава и лесна чевла за прошетка низ град, на работа, возење велосипед, прошетка до блиски излетнички места – секаде сигурно и заштитено. Верувам дека сум добро подготвена и за надоаѓањето на малку понестабилната есенска сезона.
|
Користени материјали:
„Вибрам“ гумата е препознатлив бренд за високо квалитетни ѓонови. Со својата цврстина нуди стабилност при движењето на секаков терен...
„Алпитекс“ мембраната е развиена од инженерите на Алпина и е заснована на повеќегодишно искуство и постојана комуникација со потрошувачите. Таа штити од вода и овозможува добра вентилација и комфорт...
|
|