Тест со лошо прикопчан карабинер
Британскиот Планинарски Совет во соработка со компанијата за производство на качувачка опрема ДММ од Велс, изведоа неколку тестирања со цел да покажат колку се намалува силата на карабинерот кога тој е лошо прикопчан за поставена точка за обезбедување.
Акцентот е ставен секако на качувањето во чист стил т.е. случаи на лошо прикопчување на карабинер при качување на тежок детал во кој карабинерот кој се поставува на сајлата на чокот не се проверува доволно добро - туку само се поставува на брзање.
Сценарио: случај кога карабинерот би бил поставен така да тој остане да виси на забецот на горниот дел на вратичката. Тестовите покажале дека е доволна многу мала сила - од само 3KN за карабинерот да попушти. Толку мала сила се добива при било каков пад на тој карабинер...
Затоа со овој тест овие институции сакаат да покажат и предупредат колку е важно добро т.е. целосно прикопчување на карабинерот низ сајлата на чоковите/френдовите посебно кога се работи за чокови од помалите димензии кои имаат сајли со помал диаметар и кои полесно може да се заглават помеѓу забецот и вратичката на карабинерот... Ова секако се однесува само на карабинери кои имаат такви запци и кај кои може да дојде до такво заглавување при несмасно прикопчување...
Погледнете ги фотографиите за подобро да видите за какво лошо прикопчување станува збор. Бидете внимателни! И да - качувајте чисто! :)
|